Уредби со законска сила за спречување на ширењето на Ковид-19

ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ НА ОДЛУКАТА КОЈ ГИ ОПФАЌА СЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ, ДОПОЛНУВАЊА И ИСПРАВКИ 03.11.2020

ДОПОЛНУВАЊА И ИСПРАВКИ („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/20, 269/20, 275/20, 287/20, 292/20, 298/20, 300/20,  304/20, 306/20, 317/20, 13/21, 45/21, 53/21, 55/21, 58/21, 64/15, 65/21 и 75/21)

Врз основа на член 28 став (8) и 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/20), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 3.11.2020 година, донесе

О Д Л У К А
ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ КОВИД-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА

ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1

Со оваа одлука се уредува примената на времените мерки утврдени во член 28 став (6) од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и превентивните препораки, наредените мерки, наменските протоколи, планови и алгоритми за постапување утврдени во член 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести кои се наредуваат заради заштита на здравјето на населението на територијата на Република Северна Македонија и во функција на спречување на внесување, ширење, сузбивање и справување со последиците од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, а согласно Пандемија прогласена од Светската Здравствена Организација, како и случаите во кои ќе се применат и временскиот период на нивната примена.

Член 2

Превентивните препораки, времените мерки, наредените мерки, наменските протоколи, планови и алгоритми за постапување се однесуваат на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, на единиците на локалната самоуправа, на правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и сите домашни и странски физички и правни лица на територија на Република Северна Македонија,

II. ОПШТИ ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ
Член 3

Општите превентивни препораки се:

  1. Одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри од друго лице при престојување или движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип.
  2. Ограничување на минимум на личните и професионалните контакти со други лица.
  3. Одржување зголемено ниво на хигиена – често миење на рацете или нивна дезинфекција.
  4. Избегнување на допирање на лицето и очите со раце.
  5. Одржување зголемено ниво на респираторна хигиена.
  6. Зачестени санитарно – хигиенски мерки.
  7. Често дезинфицирање на допирни предмети и површини.
  8. Поставување на станици за хигиена на рацете и диспанзери за дезинфекција во работната средина (просторија/објект).
  9. Дневно мерење на телесната температура и следење на личните симптоми (треска, отежнато дишење, сува надразнителна кашлица, сетила за мирис и вкус и др.).
  10. Намалување на лични или професионални патувања во региони каде има трансмисија и зголемен број на лица со болеста КОВИД-19 во заедницата, односно истите да се реализираат и организираат исклучиво за итни и неодложни потреби.
  11. Зачестено проветрување на затворени простории.
  12. Поставување на едукативно – информативни материјали на јасно видливи места.
  13. Избегнување на организирање, одржување и присуство/учество на обуки, семинари, работилници, конференции, состаноци, седници и друг тип на средби со физичко присуство на учесниците, односно нивно организирање, одржување и присуство/учество преку употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и други софтверски алатки).
  14. Текот и принципот на одвивање на работата и работниот процес, да се организира преку работа во смени, тимови или од далечина (дома) и намалување на протокот на лица во работните простории, без притоа да се наруши нормалното и тековно функционирање на системот на работа.
  15. Избегнување на групирање во домови по повод семејни прослави, слави и други собири, во групи на повеќе од четири лица кои не живеат во истата заедница или домаќинство.
  16. Избегнување на движење на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) на целата територија на Република Северна Македонија, во периодот по 18.00 часот, секој ден во текот на седмицата.
  17. Избегнување на учество на граѓаните во верски обреди организирани од страна на верските заедници или религиозни групи, особено во периодот од 18 декември 2020 година до 21 јануари 20212 година, со цел спроведување на времените мерки и наредените мерки од оваа одлука, особено мерката од член 12 на оваа одлука.
  18. Избегнување и воздржување од организирање на верски обреди или други видови изразувања на верата од страна а верските заедници или религиозни групи, особено во периодот од 18 декември 2020 година до 21 Јануари 2021 година, со цел спроведување на времените мерки и наредените мерки од оваа одлука, особено мерката од член 12 на оваа одлука.
  19. Избегнување на организација и учество на граѓаните на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници во викенд куќи, во туристички места/центри, особено во периодот од 18 декември 2020 година до 21 Јануари 2021 година.

Член 4

Во случај кога општите превентивни препораки од член 3 на оваа одлука соодветно на моменталните епидемиолошки текови и состојби ќе бидат дополнително правно нормирани и прецизирани во соодветни времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и/или алгоритми за постапување, задолжително се применуваат времените мерки, наредените мерки, наменските протоколи, планови и/или алгоритми за постапување за време на периодот на нивната примена.

III. ВРЕМЕНИ МЕРКИ
Член 5

Се наредуваат следниве времени мерки:

  1. носење лична заштита на лицето (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).
  2. задолжителна самоизолација при тестирање за Коронавирус КОВИД-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.
  3. забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или која било површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието.
  4. строга изолација (карантин) во домашни услови или во здравствена установа за заболени лица од заразната болест КОВИД-19 и лица кои биле или се сомнева дека биле во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со заразната болест КОВИД-19.

НОСЕЊЕ ЛИЧНА ЗАШТИТА НА ЛИЦЕТО
Член 6

Секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија задолжително треба да носи лична заштита на лицето согласно член 5 став 1 точка 1. од оваа одлука при излегување надвор од својот дом (живеалиште и/или престојувалиште) и тоа при движење во затворени објекти и на отворено, особено при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип (во установи од областа на образованието, во установи од областа на згрижување на деца, во установи од областа на културата, при возење во патничко моторно возило со лице/лица со кое/кои што не живее во заедничко домаќинство и други површини од затворен тип), на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, трговски центри, уплатно – исплатни места, молови, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Лицето од став 1 на овој член задолжително носи лична заштита на лицето во текот на целиот престој надвор од својот дом и истото е должно да ја почитува мерката и во услови кога одржува дозволено минимално растојание од најмалку еден ипол до два метри од друго лице при престојување или движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип.

Под лична заштита на лицето од ставот 1 на овој член, се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).

По исклучок од ставот 1 на овој член, секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија, може да не ја носи личната заштита на лицето:

  1. при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на протоколите за заштита донесени од Владата на Република Северна Македонија заради спречување од внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19 (дистанца, дезинфекција и слично);
  2. при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кое/кои што живее во заедница;
  3. при престојување во двор на семејна куќа, сам или со лице/лица со кое/кои што заедно живеат во заедница;
  4. при седење во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита донесени од Владата на Република Северна Македонија заради спречување од внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19 (дистанца, дезинфекција и слично);
  5. ако лицето носи лична заштитна опрема на работа, пропишана со прописите за безбедност и заштита при работа, која лицето ја носи, држи и ја употребува при работата, со цел да се заштити од опасности кои можат да ја загрозат неговата безбедност и здравје при работата, што се смета за друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;
  6. ако лицето е помладо од шест годишна возраст (дете) и
  7. ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

Член 7

Сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, во седиштата на нивните подружници и објекти во кои ја вршат својата дејност, треба да обезбедат задолжително носење лична заштита на лицето од страна на сите физички лица кои работат во истите и да забранат влез и движење низ нивните простории на секое физичко лица кое влегува како посетител, а кое нема да носи лична заштитна опрема од член 6 од оваа одлука.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА САМОИЗОЛАЦИЈА ПРИ ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНАВИРУС КОВИД-19 ОД ЗАКАЖУВАЊЕ НА ТЕСТОТ ИЛИ САМОТО ТЕСТИРАЊЕ ДО ДОБИВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ
Член 8

Сите домашни и странски физички лица, симптоматски и асимптоматски, при тестирање за Коронавирус КОВИД-19, се ставаат во задолжителна самоизолација и тоа од моментот на закажување на тестот или самото тестирање, односно на земањето на материјалот за тестирање (брис од уста, брис од грло, брис од нос, крв и слично), сé до добивањето на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

Член 9

Доколку земањето на материјал за тестирање е извршено вон домот, односно местото на потенцијална самоизолација на физичкото лице кое се тестира, лицето без одлагање во најкус можен рок и на најбрз начин, се упатува во самоизолација при што треба да ги намали, односно сведе на минимум попатните контакти со други лица, се до пристигнување на местото на самоизолација.

Член 10

Самоизолацијата трае до добивање на негативен резултат од тестирањето за Коронавирус КОВИД-19.
Самоизолацијата се спроведува во домот на лицето или во стан или куќа каде што истото може целосно да биде изолирано од лицата со кои живее (викенд куќа, стан во кој што не живее и на друго место кое ќе го пријави за самоизолација.

За времетраење на самоизолацијата, лицето во самоизолација не смее воопшто да излегува, треба на апсолутен минимум да ги сведе контактите со лицата со кои што живее (ако не може целосно да се одвои) и да ги почитува препораките на Министерството за здравство во врска со самоизолација.

Самоизолацијата се спроведува и на членовите на потесното семејство од семејната заедница кои живеат заедно со заболени лица од заразната болест КОВИД-19 и на лица кои подолго време биле во близина, односно во контакт со лице заболено од заразната болест КОВИД-19 (заедно работат или престојуваат по било кој основ) по издадено решение за упатување во изолација донесено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

СТРОГА ИЗОЛАЦИЈА (КАРАНТИН) ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ ИЛИ ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА
Член 11

За заболени лица од заразната болест КОВИД-19 и лица кои биле или се сомнева дека биле во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со заразната болест КОВИД-19, при лекувањето или здравствениот надзор се применува мерката строга изолација (карантин) во домашни услови или во здравствена установа, за што одлучува здравствен работник по извршена проценка на тежината на клиничката слика, а врз основа на донесено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Доколку лицата од ставот 1 на овој член и член 10 став 4 од оваа одлука одбиваат да го примат решението за строга изолација (карантин), односно решението за самоизолација, или даваат лажни лични податоци во врска со лицата со кои имале непосреден контакт, или не ја применуваат мерката строга изолација (карантин) во домашни услови (домашна изолација), им се одредува мерката строга изолација (карантин) во објекти определени од Владата на Република Северна Македонија, а врз основа на донесено решение од Министерството за внатрешни работи, за што трошоците за сместување во тие објекти ги надоместуваат тие лица.

Самоизолацијата (карантин) преминува во домашна изолација врз основа на донесено решение за здравствен  надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно законите и протоколите за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19.

ЗАБРАНА ЗА ГРУПИРАЊЕ НА ЈАВЕН ПРОСТОР (ПАРКОВИ, ЈАВНИ ПОВРШИНИ ИЛИ КОЈА БИЛО ПОВРШИНА НА ОТВОРЕНО) ВО ОДРЕДЕНИ ПЕРИОДИ ОД ДЕНОНОЌИЕТО
Член 12

Собирањето во групи (во натамошниот текст: групирање) на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) од страна на домашни и/или странски физички лица на целата територија на Република Северна Македонија е забрането во одредени периоди од деноноќието утврдени со оваа одлука.
Забраната од став 1 на овој член важи за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) на целата територија на Република Северна Македонија, секој ден во текот на седмицата.

Забраната од став 2 на овој член, не се однесува:

  1. За родители со деца од исто семејство;
  2. При организирање настава на отворено како дел од формалното образование во образовните институции и установи за згрижување на деца;
  3. При чекање на постојка за превоз на патници;
  4. При професионални спортски тренинзи и натпревари;
  5. При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;
  6. На лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животно загрозувачки состојби;
  7. При пристапување во економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти заради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри при добивање на услугата и
  8. Вршење на други активности кои се утврдени во и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми за постапување согласно оваа одлука.

Забраната од став 2 на овој член задолжително треба да ја почитува секое домашно или странско физичко лице кое живее, престојува или транзитира низ територијата на Република Северна Македонија.

IV. ДРУГИ НАРЕДЕНИ МЕРКИ
Член 13

Се наредуваат следниве мерки:

  1. Се забранува организирање и изведување на екскурзии и излети за учениците во основните и средните училишта.
  2. Се забранува одржување на спортски настани, тренинзи и натпреварувања во спортски објекти од отворен и затворен тип со присуство на гледачи (публика_______).
  3. Се забранува работата на ноќните барови и клубови.
  4. Се забранува користење на годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор.
  5. Се прекинува специјализацијата на сите државни специјализанти и супспецијализанти вработени во ЈЗУ Здравствен дом на Скопје и истите се враќаат на своите работни места во матичната установа.
  6. Се забранува на економските оператори и производители од Република Северна Македонија, извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали, потребни за справување со Коронавирус КОВИД-19, освен за оние за кои е добиена посебна дозвола издадена од Министерство за здравство.
  7. Се ограничува извозот на економските оператори и производителите на заштитни маски од Република Северна Македонија во количина која нема да надминува 80 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски од хартија, целулозна вата или целулозни влакна со тарифна ознака 4823 90 85 и маски пластични со текстилен филтер со тарифна ознака 6307 90 98 00. При секој извоз на заштитни маски кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацините односно складовите располага со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар.
  8. Се дозволува извоз на економските оператори и производители од Република Северна Македонија на средства за дезинфекција: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси со тарифна ознака 3401, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) на база на површинско активни средства со тарифна ознака 3402, тоалетни препарати со дезинфекциони средства со тарифна ознака 3307 90 00 00, мешаници на хемиски соединенија со тарифни ознаки 3824 99 92 00, 3824 99 93 00 и 3824 99 96 00, дезинфектанти врз база на кватернарни соли на амониум со тарифна ознака 3808 94 10 00 и други дезинфектанти со тарифна ознака 3808 94 90 00 и неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80% vol или повисока со тарифна ознака 2207 10 00 00, со тоа што при секој извоз кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацинот односно складовите располага со 30% од просечното дневно производство на средства за дезинфекција, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар.
  9. Економските оператори во нивните капацитети, простории/објекти во кои даваат услуги кон корисници, заради поставување на ред и дисциплина, се должни да обезбедат редарска служба при влез, во внатрешноста и при излезот на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот, да постават соодветни ознаки на растојание од најмалку два метри со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на корисниците на услугите пред и внатре во објектот, пред секој штанд/пулт/уплатно-исплатно место или друго пристапно место до кое се пристапува за добивање услуга, како и во дијаметар од 10 метри пред влезот во објектот и притоа најмалку еднаш неделно да вршат превентивна дезинфекција во објектите во кои се даваат услуги кон корисници.
  10. Се ослободуваат бремените жени од работа и работни обврски со физичко присуство на работно место.
  11. „Се затвораат за посетители – гости сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн или телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт), почнувајќи од 7 април 2021 година).
    Исклучок од став 1 на оваа точка се угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) за посета од лицата сместени во овие објекти.
  12. Се забранува движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 20.00 часот до 5.00 часот на редниот ден, почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник) до 20 април 2021 година (вторник). Исклучоците во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата, за одредени категории на лица и институции, работата на производствени и други капацитети и други работи поврзани со давање услуги на населението, ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежниот орган на државната управа. 
  13. Сите домашни и странски физички лица-патници од земјите од Африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително се упатуваат во 14 дневна самоизолација (карантин). Лицата од став 1 на оваа точка, пополнуваат и потпишуваат Изјава за самоизолација под полна морална, материјална и кривична одговорност, со лични податоци, податоци за местото на живеење, односно престојување и временскиот период на престојот, која е дадена во прилог и е составен дел на оваа одлука. Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 55 од 9.3.2021 година 2 од 6 За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од Африканскиот континент кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, задолжително потпишуваат Изјава за транзитирање, која е дадена во прилог и е составен дел на оваа одлука.
  14. Се забрануваат посетители – гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник), до 20 април 2021 година (вторник).
  15. Се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник), до 20 април 2021 година (вторник).

Член 14

Во случај кога наредените мерки од член 13 на оваа одлука соодветно на моменталните епидемиолошки текови и состојби ќе бидат дополнително правно нормирани и прецизирани во наменски протоколи, планови и/или алгоритми за постапување, задолжително се применуваат наредените мерки, наменските протоколи и алгоритмите за постапување за време на периодот на нивната примена.

V. НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И
АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ
Член 15

Активностите, начинот на работа и условите поврзани со организирање, изведување, постапување, реализирање и спроведување на одредени процеси и постапки од делокругот на различните општествени дејности, се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на соодветните наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување, изработени од надлежните ресорни институции од делокругот на надлежностите уредени во истите и во соработка и согласност со Комисијата за заразни болести, а кои се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука и тоа:

  1. Протокол за превентивни мерки за сите работни места – Прилог број 1.
  2. Протокол за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари – Прилог број 2.
  3. Протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции – Прилог број 3.
  4. Протокол за организирање на државни настани на отворено во време на пандемија со КОВИД-19 – Прилог број 4.
  5. Протокол за активности во установите за згрижување и воспитание на деца – Прилог број 5.
  6. Протокол за работа на дневните центри за деца/лица со попреченост – Прилог број 6.
  7. Алгоритам за постапување во градинките во случај на појава на дете со симптоми, сомнително/позитивно на Коронавирус КОВИД-19 – Прилог број 7.
  8. Протокол за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта – Прилог број 8.
  9. Протокол за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година –Прилог број 9.
  10. Протокол за постапување на Математичко – информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици– Прилог број 10.
  11. Протокол за спроведување на проверка на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во ДСУ Спортска Академија – Прилог број 11.
  12. Протокол за спроведување и полагање на квалификационен испит на учениците во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн Лазар Личеноски Скопје – Прилог број 12.
  13. Протокол за постапување на средните музички училишта за време на полагање на квалификационен испит на учениците– Прилог број 13.
  14. Протокол за иселување на студенти од објектите на државните студентски домови во Република Северна Македонија – Прилог број 14.
  15. Протокол за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура – Прилог број 15.
  16. Протокол за постапување за време на квалификационото тестирање на учениците кои имаат интерес за запишување во средните училишта во паралелките во кои се изучува германски јазик со 6 часа неделен фонд, во паралелките во кои се реализира билингвална настава и во паралелката во која се реализира програмата за Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито”– Прилог број 16.
  17. Протокол за постапување на средните училишта за време на полагањето на квалификацискиот испит– Прилог број 17.
  18. Протокол за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците – Прилог број 18.
  19. Протокол за постапување на средните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците – Прилог број 19.
  20. План за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година– Прилог број 20.
  21. Алгоритам за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД-19 – Прилог број 21.
  22. Протокол за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука во Република Северна Mакедонија за спроведување на практичната настава со физичко присуство на учениците– Прилог број 22.
  23. Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач – Прилог број 23.
  24. Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство – Прилог број 24.
  25. Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство – Прилог број 25.
  26. Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот хемија и технологија – Прилог број 26.
  27. Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот лични услуги – Прилог број 27.
  28. Протокол за постапување и реотварање на ЗРДОСГГДПР,,Кочо Рацин“ – Битола за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците – Прилог број 28.
  29. Протокол за постапување и реотварање на ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес за реализација на воспитно – образовниот процес со физичко присуство на учениците – Прилог број 29.
  30. Протокол за постапување на ПОУ „Св.Климент Охридски“ – Ново Село за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците – Прилог број 30.
  31. Протокол за постапување на ПОУ „Иднина“ – Скопје за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците– Прилог број 31.
  32. Протокол за постапување во ПОУ „д-р Златан Сремец“ Скопје за реализација на воспитно образовниот процес со физичко присуство на учениците– Прилог број 32.
  33. Протокол за постапување на основното училиште во ЈУ-Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско-Струмица за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците – Прилог број 33.
  34. Протокол за постапување на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов“ – Скопје за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците–Прилог број 34.
  35. Протокол за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници – Прилог број 35.
  36. Протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија, односно единиците во состав на истите, при изведување на испитите – Прилог број 36.
  37. Протокол за упис на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија – Прилог број 37.
  38. Протокол за прием на документација од студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија – Прилог број 38.
  39. Протокол за работа во услови на справување со вирусот КОВИД 19 на јавните ученички домови во Република Северна Македонија – Прилог број 39.
  40. Протокол за работа во услови на справување со вирусот КОВИД 19 во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија – Прилог број 40.
  41. Протокол за постапување во Училиштето и Ученичкиот дом при Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Скопје во Република Северна Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците – Прилог број 41.
  42. Општ протокол за организирање на настани – Прилог број 42.
  43. Протокол за начинот и условите за организација на настани – Прилог број 43.
  44. Протокол за работа на игротеките во услови на епидемија со КОВИД-19 – Прилог број 44.
  45. Протокол за начинот и условите на работа на танцови и балетски клубови – Прилог број 45.
  46. Протокол за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на епидемија со КОВИД-19 – Прилог број 46.
  47. Протокол за работа на библиотеки, музеи, галерии и изложбени простори – Прилог број 47.
  48. Протокол за работа на читалните – Прилог број 48.
  49. Протокол за работа на филмски сет во услови на епидемија со КОВИД-19 – Прилог број 49.
  50. Протокол за отворање и работа на уплатно – исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалници – Прилог број 50.
  51. Протокол за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клуб – Прилог број 51.
  52. Протокол за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во казино – Прилог број 52.
  53. Протокол за управување со Меѓународниот Аеродром Скопје за време на пандемија – Прилог број 53.
  54. Протокол за управување со аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за време на пандемија – Прилог број 54.
  55. Протокол за вршење превоз на патници – Прилог број 55.
  56. Протокол за отворање и работа на молови – Прилог број 56.
  57. Протокол за отворање и работа на кафетерии – Прилог број 57.
  58. Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана – Прилог број 58.
  59. Протокол за работа на угостителски објекти за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување) – Прилог број 59.
  60. Протокол за работа на школите за обука на возачи – Прилог број 60.
  61. Протокол за спроведување на основната обука за полицаец во услови на присуство на Коронавирус КОВИД-19 – Прилог број 61.
  62. Протокол за работа на автокамповите – Прилог број 62.
  63. Протокол за работа на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19 – Прилог број 63.
  64. Протокол за работа на природните лекувалишта во услови на пандемија со КОВИД-19 – Прилог број 64.
  65. Општ протокол за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија со КОВИД-19 – Прилог број 65.
  66. Протокол за тренинг на спортисти во поединечни спортови – Прилог број 66.
  67. Протокол за работа на вежбални – теретани и фитнес клубови – Прилог број 67.
  68. Протокол за отворање и работа на базените за пливачките клубови во Република Северна Македонија –Прилог број 68.
  69. Протокол за работа на базените во тек на пандемија со КОВИД-19 – Прилог број 69.
  70. Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело во контекст на КОВИД-19 – Прилог број 70.
  71. Протокол со мерки за работа на скијачките центри во Република Северна Македонија – Прилог број 71.
  72. Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на Пандемија предизвикана од Коронавирус-Прилог број 72.
  73. Протокол за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на Пандемијата со КОВИД – 19 – Прилог број 73.
  74. Протокол за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година – Прилог број 74.
  75. Протокол за организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети, на општинско, регионално и државно ниво во основното образование, во услови на пандемија – Прилог број 75. 
  76. Протокол за организирање и реализирање на натпревари во средните училишта во услови на пандемија од КОВИД-19 – Прилог број 76.

VI. ПЕРИОД НА ПРИМЕНА
Член 16

Превентивните препораки, времените мерки, наредените мерки, наменските протоколи, планови и алгоритми за постапување од оваа одлука ќе се применуваат до завршување на Пандемијата со КОВИД-19 прогласена од Светската здравствена организација.

VII. ОБЈАВУВАЊЕ
Член 17

Оваа одлука се објавува на веб – страниците на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство и Јавното претпријатие „Службен весник на Република Северна Македонија“.

VIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 18

Со денот на влегување во сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20, 119/20, 123/20, 125/20, 126/20, 134/20, 136/20, 140/20, 147/20, 153/20, 154/20, 156/20, 157/20, 163/20, 166/20, 169/20, 170/20, 175/20, 180/20, 181/20, 185/20, 190/20, 195/20, 201/20, 204/20, 208/20, 212/20, 215/20, 217/20, 226/20, 229/20, 235/20, 236/20, 240/20, 242/20, 247/20, 252/20, 254/20 и 257/20).

Член 19

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.