Чешка: Синдикатот за здравство укажа на проблеми со плаќањата на Ковид-19 бонусите


Синдикатот за здравство и социјална грижа (OSZSP) укажа на широко распространети проблеми со Ковид-19 бонусите кои требаше да бидат исплатени на вработените во здравствената и социјалната заштита. Синдикатот успеа да преговара за низа различни дополнителни плаќања за вработените во болничките установи, болничарите, вработените во социјална заштита и други работници во овие сектори.

На пример, здравствените работници во болниците можат да добијат до 25000 CZK (975 EUR) месечно (максимум 75000 CZK, 2920 EUR) и други болнички работници до 10000 CZK (390 EUR) месечно (максимум 30000 CZK, 1170 EUR).

Меѓутоа, OSZSP вели дека работниците ретко добиваат повисоки плаќања, честопати исплатите се одложени или не се исплатени, а исто така не биле земена предвид просечната плата за годишни одмори.

Синдикатот истакнува и дека некои даватели на здравствени услуги ги искористиле парите за специјални плаќања за да плаќаат прекувремена работа или да покриваат други здравствени трошоци.

Извор: ЕПСУ Јули 2021 година