Шпанија: Синдикатите преговараат за договор за намалување на вработувањата на определено време

Репрезентативните синдикати во јавната администрација преговараа за нов договор за справување со постојаниот проблем на привремено вработување. Претходните договори укажуваа на целна стапка од само 8% од привремените договори во јавната администрација, но нивото останува околу 30%.

Новиот договор утврдува низа превентивни мерки и санкции за работодавачите во јавната администрација за да придонесат во намалување на привремените договори и 31 декември 2024 година е определен како датум за постигнување на целта.

Одредени ќе бидат јасни и ограничувачки критериуми за тоа кога е можно привремено вработување, а привремените вработени кои нема да успеат да добијат постојана работа ќе добијат надомест (20 дена плата за секоја работна година).

Извор: ЕПСУ 8.07.2021 година