Бараме климатска правда, човекови права и квалитетни јавни услуги СЕГА!

Годинава, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на мигрантите, сме усмерени на итната и се подлабока криза која го раселува населението, ги искоренува заедниците и ги принудува луѓето да мигрираат: климатската криза.
Во овие две години кога светот се бори со пандемијата на Ковид-19, климатските катастрофи продолжија да го земаат својот данок во човечки животи. Само во 2020 година, 30,7 милиони луѓе беа раселени поради катастрофи, од кои повеќе од 98% беа поврзани со временските услови, како што се поплави, бури и шумски пожари. Некои региони продолжија да имаат рекордни температури што доведе до недостиг на вода, суша и губење на обработливо земјиште. Деградацијата на животната средина од климатските промени поттикнува повеќе конфликти и насилство, предизвикувајќи луѓето да бегаат заради својата безбедност. Климатската криза, комбинирана и меѓусебно поврзана со конфликти и пандемијата на Ковид-19, е главен двигател на присилната миграција денес.
Роза Паванели, генерален секретар на PSI истакнува: „Разбирањето на климатската миграција и нејзините сложени меѓусебни врски со социјалните, политичките и економските фактори, вклучително и во контекст на пандемијата на Ковид-19 и други здравствени кризи, е од клучно значење во градењето на пристап кој е фокусиран на луѓето, родова еднаквост и е вкоренет на одржлив развој. Во сржта на одговорот на PSI на овие предизвици се нашите клучни барања: климатска правда, човекови права и квалитетни јавни услуги, СЕГА!“

PSI PUBLIC SERVICES INTERNATIONAL Светска синдикална федерација на работниците во јавните служби 16.12.2021

Scroll to Top