Професионалните здруженија се жалат дека за прекратко време и со вонредно учење, како медицински сестри се вработуваат недоволно искусни и неиспраксирани кадри, кои поминале едукација којашто бара и понатаму да бидат континуирано мониторирани и да им се помага. Треба да се направи категоризација во професијата медицинска сестра, според формалното образование, клиничките вештини и компетенциите со кои секоја сестра се стекнала, како и со неформалното учење за кое таа има документ, велат од националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки
Светската здравствена организација (СЗО) уште на почетокот на пандемијата со ковид-19 соопшти дека има глобален дефицит од медицински сестри. Според нив, за да се надмине овој проблем, до 2030 година ќе бидат потребни 9 милиони нови сестри во светот. Во земјава, исто така, има недостиг на квалитетни медицински сестри во државното здравство. Од друга страна, пак, професионалните здруженија се жалат дека за прекратко време и со вонредно учење, се вработуваат недоволно искусни и неиспраксирани кадри, кои поминале едукација која бара и понатаму да бидат континуирано мониторирани и да им се помага, наместо подготвени да дојдат на работа. Спасот од оваа состојба е да се регулира сестринската дејност со закон и со имплементација на европските директиви.Треба да се направи категоризација во професијата медицинска сестра, според формалното образование, клиничките вештини и компетенциите со кои секоја сестра се стекнала, како и со неформалното учење за кое таа има документ, вели сестра Велка Гавровска Лукиќ од националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Северна Македонија.
Европската Комисија, Европскиот парламент и Советот, исто така, бараат да се зацврстат барањата за сестринска едукација. Така во модернизираната Директива 2013/55/ЕУ вклучени се сет од компетенции засновани на барањата за минимално образование на медицинските сестри одговорни за здравствената нега. Стандардите во Директивата придонесуваат за многу поголем квалитет во здравствените услуги и се важни за мобилноста на здравствените работници.Главен наш фокус е да обезбедиме сите овие промени во Директивата да се пренесат и во националното законодавство, како и во школите, преку програмите посебно за вонредните ученици. Да се даде акцент на вештините низ пракса, кои треба да им обезбедат минимално ниво на компетентност, додава Гавровска Лукиќ.За таа цел, од Здружението потенцираат дека е потребно заеднички да се направат напори меѓу сите инволвирани страни: Владата, Министерството за здравство, МОН, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии, ЗМСТАМ, Синдикатот, работодавачите и предавачите.
Целиот текст погледнете го тука.
Извор: Вистиномер.мк од Мирослава Бурнс 24.12.2021