Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, а во врска со членот 31 став 5 од Законот за управување со кризи („Службен весник на Република Македонија“ број 29/2005, 36/11, 41/14, 104/15, 39/16 и 83/18), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 21 април 2021 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЗАРАДИ ВИСОК РИЗИК ОД ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА ВЛЕЗ И ТРАНЗИТИРАЊЕ НА МИГРАНТИ НИЗ ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ОД ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА ВО УСЛОВИ НА ПОСТОЕЊЕ НА ПАНДЕМИЈА ПРОГЛАСЕНА ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ВИРУСОТ SARS-COV-2 И СПРЕЧУВАЊЕ ОД НЕГОВО ШИРЕЊЕ, СО КОИ СЕ ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА, ЗДРАВЈЕТО И ИМОТОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО
Член 1
Со оваа одлука се одобрува продолжување на рокот за постоење на кризна состојба утвреден во Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARSCoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 72/21), до 31 декември 2021 година.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе започне да се применува од 1 мај 2021 година.“
Службен весник 22 Април 2021 Бр. 88 – Стр. 2