ГС ЗСЗ „Независност“ на Република Србија бара плати од 400 до 1800 евра, регрес и топол оброк

Соопштение на Гранскиот синдикат за здравство и социјална заштита „Независност“ на Република Србија

Почитувани,

Гранскиот синдикат за здравство и социјална заштита ..Независност “ уште на 5 март 2020 година донесе одлука дека еден од клучните фактори за спречување на миграцијата на вработените во здравството и социјалната заштита, покрај заштитата на безбедноста и здравјето при работа и условите за работа воопшто, потребно е да се зголеми платата на минимум 400-900 до 1800 евра. Оваа одлука потоа им ја испративме на надлежните институции.
За жал, само три дена подоцна бевме погодени од најтешката чума во последните педесет години – пандемија со COVID-19.
Со помош на државата, драги колешки и колеги, со херојска жртва докажавте дека го заслужувате тоа неспоредливо повеќе од сè што Ви е дадено во минатото.
Кој знае колку пати, токму кога беше најтешко, со личен пример докажавте дека без јавниот сектор и пред сè добро организираното јавно здравство не може да постои просперитетна држава. Затоа, излишно е да се објаснува како и поради што здравството и социјалната заштита се еден од главните столбови на општеството како целина.
На неодамнешниот состанок на нашиот Главниот одбор, повторно беше потврдено дека заедно со мартовската одлука на надлежните институции за значително зголемување на платите, треба да се преговара за топол оброк и регрес, како и за Закони и Колективни договори по мерка на хероите на нацијата.
Преговарачкиот тим на Гранковиот синдикатот за здравство и социјална заштита „Независност“ веќе е подготвен на почетокот на септември, а пред усвојувањето на новиот буџет на Република Србија, јавно и темелно да ги објасни сите факти кои ги поткрепуваат овие тврдења.
Со поддршка и Ваши сугестии, ќе се обидеме да постигнеме позитивен исход на преговорите.
Исто така, во оваа прилика, апелираме до помладата популација да се вакцинира за да придонесе во борбата против короната.

Извор: Грански синдикат за здравство и социјална заштита „Независност“ на Република Србија 09.07.2021 година