МИСЛЕЊЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРОПИСИ И ПРАВНИ ПРАШАЊА НА ССКЦ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Здравствените работници и соработници кои добиле решение за престанок на работниот однос да бараат заштита на своите права пред надлежните институции и судот

Директорите на здравствените установи и Министерот за здравство немаат законски  основ за донесување одлука за прекин на работен однос на здравствен работник, односно здравствен соработник кој дал согласност за продолжување на договорот за вработување во законски предвидениот рок, најмногу до 67 години возраст.

Законот не им дава право на директорите на здравствените установи и Министерот за здравство со подзаконски акт, односно со формирање Комисија за анализа на податоците од Мој термин да донесат одлука за прекин на работен однос на оваа категорија работници најмногу до 67 години возраст, доколку тие дале согласност.

Покрај тоа, ваквиот пристап без законски и јасно утврдени критериуми остава простор за селективни и дискриминаторски одлуки.

Во завземање на ваквиот јасен и дециден став на Синдикатот на Клинички центар консултирани се врвни експерти од областа на работните односи.

Постапките кои здравствениот работник, односно соработник треба да ги превземе во заштита на своите права погледнете ги во  написите „Редослед на постапки за правна заштита при одлука (решение) за престанок на работен однос спротивно на закон“ и „Престанок на работниот однос поради возраст“.

Скопје, 15.06.2022 година