ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Член 187 од Законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование (Сл. Весник број 178 од 04 август 2021)

З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Член 1

Во Законот за високото образование* („Службен весник на Република Македонија“ број 82/18), во член 187 ставот (1) се менува и гласи:
„(1) На лицето избрано во наставно – научно звање или наставно звање му престанува работниот однос согласно со прописите за работни односи.“.

По ставот (1) се додаваат два нови става (2) и (3), кои гласат:

„(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, заради непречено вршење на дејноста на високообразовната установа, по претходно барање на работникот, а со согласност на наставно-научен совет, еднаш годишно може да се продолжи договорот за вработување на лицето избрано во наставно – научно или наставно звање, до завршување на учебната година во која ги исполнува условите за стекнување старосна пензија или најмногу до завршување на учебната година во која полни 67 години возраст.

(3) Барањето за продолжување на работниот однос од ставот (2) на овој член, се поднесува еднаш го- дишно, најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година.“.

Ставот (2) станува став (4).

Член 2

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Службен весник 04 Август 2021 Бр. 178 – Стр. 5