ОДЛУКИ НА ВЛАДА И ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ ВО ВОНРЕДНИ И КРИЗНИ СОСТОЈБИ

Одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба 1948 (Службен весник 28 јуни 2022 Бр. 146 – Стр. 2)

1948.

Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, а во врска со членот 31 став 5 од Законот за управување со кризи („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 29/2005, 36/11, 41/14, 104/15, 39/16 и 83/118” и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 215/21), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 27 јуни 2022 година, донесе

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОДОЛЖУВАЊЕ HA РОКОТ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА КРИЗНА
СОСТОЈБА НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЗАРАДИ ВИСОК РИЗИК ОД ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА ВЛЕЗ И ТРАНЗИТИРАЊЕ НА МИГРАНТИ НИЗ ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ОД ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА ВО УСЛОВИ НА ПОСТОЕЊЕ НА ПАНДЕМИЈА ПРОГЛАСЕНА ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ВИРУСОТ SARS-COV-2 И СПРЕЧУВАЊЕ ОД НЕГОВО ШИРЕЊЕ, CO КОИ СЕ ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА, ЗДРАВЈЕТО И ИМОТОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО

Член 1

Во Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, co кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението („Службен весник на Република Северна
Македонија“ број 88/21 и 274/21), во членот 1 зборовите: ,до 30 јуни 2022 година“ се заменуваат co зборовите: „до 31 декември 2022 година“.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила co денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе започне да се применува од 1 јули 2022 година.

Службен весник 28 јуни 2022 Бр. 146 – Стр. 2