Лого на ССКЦ Самостоен синдикат на вработените во универзитетските клиники

Синдикалнашкола 2026

Тридневна обука со три теми што директно се однесуваат на секојдневната работа во установите: дигитализацијата и надзорот врз вработените, психосоцијалните ризици и сменската работа, и заштитата од насилство на работно место.

Кога
02 – 04 октомври 2026петок до недела
Каде
Хотел „Врњачке Терме“Врњачка Бања, Р. Србија
За кого
Здравствени работници и соработницичленови на ССКЦ
Списоците со учесници се доставуваат до 15.09.2026
Пријавите ги поднесува синдикалната организација, не поединечно членот.

Теми и предавачи

Предавањата се одржуваат во сабота, 03.10.2026, по отворањето од претседателот на ССКЦ.

Проф. д-р Игор Мишковски Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

Дигитализација и вештачка интелигенција во здравството

  • Електронска евиденција на работно време и ЕРП
  • Доказна вредност при прекувремена работа
  • Границата меѓу евиденција и надзор
  • Пациентски податоци и одговорност
  • Автоматизирано одлучување без човек
Д-р Билјана Додева Симоновска Специјалист психијатар · ЈЗУ УК за психијатрија

Психосоцијални ризици, burnout и сменска работа

  • Оптоварување, недостиг на кадар, мобинг
  • Препознавање на согорувањето
  • Ноќна и сменска работа
  • Новите европски стандарди
  • Ревизија на актот за проценка на ризик
Милан Петковски Меѓународна организација на трудот

Насилство врз здравствени работници

  • Вербално, физичко и сајбер-насилство
  • Заштита по Законот за здравствена заштита
  • Што значи „при вршење на дејноста“
  • Прекршок, кривично дело, дисциплинска одговорност
  • Обврски на установата и повреда при работа

Кој учествува

Школата е наменета за здравствени работници и здравствени соработници — членови на ССКЦ. Секоја синдикална организација сама го составува својот список на учесници.

Учесници и гости кои не се членови на синдикатот, или го надминуваат бројот на учесници на кои ССКЦ им ги покрива трошоците, можат да присуствуваат — трошоците ги покрива синдикалната организација од каде доаѓаат.