РЕГИСТРАЦИЈА И ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗИЛА
Адреса: Митрополи Теодосиј Гологанов 51, Скопје
Тел. 02 3181 101; 071 376 534 Анжелика
Поволност: плаќање на 8 рати
За да ја користите услугата на АМСМ и Мобилити брокер треба да ги пополните следните документи:
- Согласност за задршка од плата и Изјава за редовна исплата на ратите
- Потврда дека сте член на синдикатот (се издава во просториите на синдикатот)
- АМСМ Осигурително брокерско друштво Мобилити Брокер
Осигурителното брокерско друштво МОБИЛИТИ БРОКЕР АД Скопје е Ваш консултант,
посредник и застапник за сите работи и прашања од сферата на осигурувањето, кој Ве
застапува пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда за осигурување според Вашите потреби.
Нашата основна цел е да обезбедиме професионална, брза, квалитетна и целосна заштита на имотот на нашите сегашни и идни клиенти. Повеќегодишното искуство на нашите вработени во областа на осигурувањето е најдобра гаранција дека како посредници при склучување на договорот за осигурување ќе обезбедиме комплетна и квалитетна услуга, сервис и решавање на штети за сите видови осигурување.
Листата на нашите клиенти, меѓу кои се реномирани домашни и странски компании, државни установи и институции, е наша најдобра препорака.
Корисниците на услугите на Мобилити Брокер добиваат можност за бесплатно посредување при реализација на отштетни побарувања кое вклучува:
- Укажување на помош во текот на важење на договорот за осигурување
- Подготовка на доказна документација за основа и висина на отштетно побарување
Осигурителното брокерско друштво Ви ги нуди следните осигурителни продукти: - Полиси за автоодговорност
- Зелен картон
- Каско осигурување
- Патничко осигурување
- Осигурување од незгода
- Осигурување на имот
- Животно осигурување
Осигурителното брокерско друштво Мобилити Брокер нуди полиси од сите осигурителни
компании на пазарот.
Цената на осигурителните полиси е варијабилна од класата на осигурување.