РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА И ОСИГУРУВАЊЕ, ПРОДАЖБА НА ВОЗИЛА И ГУМИ
16 Македонска бригада, бр. 2, 1000 Скопје,
Тел. 02 3103 130
Поволност:
- Аутомакедонија стоките и услугите ќе ги нуди на 6 (шест) еднакви рати, освен за набавка на ново возило кое за корисникот на стоки и услуги ќе се нуди под поволни услови
- АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје услугите ќе ги нуди на 8 (осум) еднакви рати);
- АМ БРОКЕР АД Скопје услугите ќе ги нуди на 8 ( осум) еднакви рати
Потребна документација за да ја користите поволноста за плаќање на рати :
- Заверена Потврда од Вашата ЈЗУ за задршка од плата за Аутомакедонија, АМ Церт, АМ Брокер
- Изјава АутоМакедонија со која гарантирате редовна исплата на ратите
- Изјава АМ Церт со која гарантирате редовна исплата на ратите
- Изјава АМ Брокер со која гарантирате редовна исплата на ратите
- Членска карта на ССКЦ или заверена потврда од Синдикатот дека сте член (се издава во просториите на Синдикатот)
- Лична карта
Станици за технички преглед
АМ Церт, дел од Групацијата на Аутомакедонија поседува три Станици за технички преглед и регистрација на моторни возила во кои можете да направите:
- Редовен и вонреден технички преглед на моторни возила, земјоделски и работни машини,
- Проверка на исполнетоста на техничко-експлоатационите услови на возилата според прописите за безбедност во сообраќајот
- Издавање на меѓународни возачки дозволи и потврди за управување на туѓо моторно возило во странство,
- Регистрација на возилата на шалтер на МВР Посредување при издавање
- Зелен картон при патување во странство.
Локации и контакти
Станиците за технички преглед и регистрација на АМ ЦЕРТ се лоцирани во центрите на Аутомакедонија :
Станица Автокоманда, 16 Македонска Бригада бр.2, Спроти Шумарскиот Факултет, тел. 02 3103 152
Станица Кисела Вода, Бул Борис Трајковски, во близина на Спортската сала Расадник, тел. 02 3103 260
Станица Стаклара, Бул Борис Трајковски, во поранешниот комплекс на Стакларница, тел. 02 2465 010
Осигурување
АМ БРОКЕР, член на Групацијата на Аутомакедонија, е осигурително брокерско друштво во кое клиентите може да набават полиси за сите видови осигурување од сите осигурителни компании во земјата.
Во АМ БРОКЕР за Вас и вашето возило можете да извадите :
- Полиса за авто одговорност (АО)
- Каско осигурување
- Зелена карта
- Патничко осигурување
Експозитурите на АМ БРОКЕР се лоцирани во Станиците за технички преглед и регистрација на Групацијата на Аутомакедонија, со што клиентите може сите услуги за своето возило да ги добијат на едно место.
Локации и контакти
Експозитура Автокоманда, 16 Македонска Бригада бр.2, Спроти Шумарскиот Факултет, тел. 02 3103 152
Експозитура Кисела Вода, Бул Борис Трајковски, во близина на Спортската сала Расадник, тел. 02 3103 267
Експозитура Стаклара, Бул Борис Трајковски, во поранешниот комплекс на Стакларница, тел. 02 2465 010
Продажба на возила
Аутомакедонија е овластен увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за:
- ОPEL (патнички и комерцијални возила) и
- ISUZU (пикап камионети и камиони со бруто маса од 3.5 до 14 тони)
- ISUZU (автобуси)
- SSANG YONG (SUV автомобили)
- PIAGGIO Commercial (товарни возила на три и четири тркала)
Во соработка со странските добавувачи, Аутомакедонија на своите клиенти може да им понуди и широка палета на специјални и надградени комерцијални и товарни возила, автобуси, камиони, трактори и слично.