БУЧЕН КОЗЈАК

ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

ул. Козјачка 11, населба Доброшане, Куманово

Тел. 031 475 230

Поволност: плаќање на 4 рати без камата.

Потребна документација за да ја користите поволноста за плаќање на рати :

  1. Заверена потврда од Вашата ЈЗУ за задршка од плата
  2. Изјава со која гарантирате редовна исплата на ратите
  3. Членска карта на ССКЦ или заверена потврда од Синдикатот дека сте член (се издава во просториите на Синдикатот)
  4. Лична карта
 

Бучен Козјак е компанија која се занимава со откуп на млеко и производство на млечни производи. Формирана е уште во 1983 год.како прва приватна млекара во Република Македонија и од тогаш па се до ден денес успешно опстојува на македонскиот пазар. Основачите на компанијата уште на самите почетоци при креирањето на бизнисот ги имаат поставено основните принципи врз кои ќе се темели понатамошното работење на компанијата, а тоа се: откупување само на квалитетно домашно млеко, преработка на истото и производство на природни млечни производи.

Производите кои ја сoчинуваат палетата на Бучен Козјак се: киселите млека и тоа овчо и кравјо, а кои што во 2014 година се здобија со медал за квалитет QUIDAL, потоа јогуртот, пастеризирано млеко и повеќето видови на сирења (кравјо бело и жолто сирење, овчо бело и жолто сирење како и мешано сирење и урда).

На 20 декември 2016 година во Оксфорд, В.Британија Бучен Козјак се закити со уште две престижни награди -Најдобра фирма на годината (‘Best Enterprise Award’) и  Менаџер на годината M-р .Aнита Спасовска (‘Best Manager of the Year’ Award). Oвие награди го потврдуваат значењето и силината на брендот Бучен Козјак во индустријата што ја покрива и квалитетот на производите.Своите производи ги продаваат исклучиво на македонскиот пазар со тенденција за проширување на пласманот и надвор од границите на Р.М.

* Кравјото и овчото жолто сирење се единствено во вакуум кеси од 300-400 гр и се спакувани во пакет од 6 кгр.

* Белите сирења (кравјо бело, овчо бело и мешано сирење) можат да бидат спакувани и во вакуум кеси од 300-400 гр во пакет од 6 кгр, но исто така и во кантички од 4 кгр.

* Кравјото бело сирење со пиперки е во кантичка од 3 кгр.

* Урдата е во пакување од 1кгр

Web: www.bucenkozjak.mk

Е-mail: bucenkozjak@bucenkozjak.mk

Scroll to Top