МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ (СИРЕЊЕ, КАШКАВАЛ, УРДА)
с. Кравари, Битола
погодност: плаќање на 3 рати без камата.
Потребна документација за да ја користите поволноста за плаќање на рати :
- Заверена потврда од Вашата ЈЗУ за задршка од плата
- Изјава со која гарантирате редовна исплата на ратите
- Членска карта на ССКЦ или заверена потврда од Синдикатот дека сте член (се издава во просториите на Синдикатот)
- Лична карта
Млекара ИМВ Доо од Битола започна со производство на млечни производи под брендот VEMILK во 2017 година. Лоцирана е во с.Кравари, во подножјето на Баба планина, во најмлечниот регион – Пелагонија.
Во објект од 2100м2, изграден по најнови стандарди и опремен со најсовремена технолошка опрема секојдневно се произведуваат стандардни, безбедни 100% млечни производи.
Белото саламурено сирење, кашкавалот, биеното сирење и урдата се производите коишто за многу кратко време станаа препознатливи на пазарот, го освоија вкусот на купувачите и се наградени со нивната доверба.
Нашиот асортиман се проширува со производство на свежо млеко, неколку типови на јогурт и кисело-млечни производи, така што веруваме дека нашите консументи ќе бидат уште посреќни што ќе ја збогатат својата трпеза со квалитетни производи.
Уживајте со VEMILK – млечно. Вкусно.