РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА И ОСИГУРУВАЊЕ
СТП РАДИШАНИ
ул. Радишанска бб
076 316 520; r.referent@szvm.org.mk
Понеделник – Петок: 08:00 – 18:00; Сабота: 08:00 – 14:00
СТП СТАКЛАРА
бул.Борис Трајковски бр.180
076 316 521; s.referent@sv.mk
Понеделник – Петок: 08:00 – 17:00; Сабота: 08:00 – 14:00
СТП ДРАЧЕВО
ул.Малешевска 1 бр.2
076 316 522; d.referent@sv.mk
Понеделник – Петок 08:00 – 18:00; Сабота: 08:00 – 14:00
ЦЕНТРАЛА
бул.Борис Трајковски бр.180
076 316 523; info@sv.mk
Понеделник – Петок: 08:00 – 16:00
Поволност: технички преглед и полиса на 6 рати без камата. Висината на ратата не смее да биде помала од 200 денари.
Потребна документација за да ја користите поволноста за плаќање на рати :
- Заверена потврда од Вашата ЈЗУ за задршка од плата
- Изјава со која гарантирате редовна исплата на ратите
- Членска карта на ССКЦ или заверена потврда од Синдикатот дека сте член (се издава во просториите на Синдикатот)
- Лична карта
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
РЕДОВЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА 12 МЕСЕЦИ
Општи информации
Согласно Законот за возила, возилата што се вклучени во сообраќајот на патиштата треба да се технички исправни, а техничката исправност на истите се проверува со технички преглед што претставува постапка со која што правното лице овластено за вршење технички преглед ги утврдуваподатоците во врска со возилото, неговите системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, како и исполнувањето на други барања за нив, одредени со одредбите на Законот за возила и подзаконските акти што произлегуваат од него.
Потребни документи
Доказ за уплатен надоместок за употреба на јавни патишта (патна такса);
Сообраќајна дозвола;
Лична карта (физичко лице);
Полноношно за регистрација (правно лице).
Повелете во нашите станици за технички преглед каде со секој извршен технички преглед и купена полиса за осигурување од автоодговорност, добивате попусти или подароци по Ваш избор.
Почитувани клиенти, Во соработка со Полиса Плус АД, само во нашите станици за технички преглед, со секој купен годишен зелен картон, добивате ланци за снег.
Акцијата трае од 01.10.2019 до 29.02.2020.
Повелете, посетете нé!
Осигурително брокерско друштво Полиса Плус АД Скопје врши продажба на договори за неживотно и животно осигурување (полиси) преку лиценцирани осигурителни брокери.
Примарна дејност ни е да ги штитиме интересите на осигурениците со советување и појаснувања за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на полиса за осигурување.
Со користење на нашите услуги ќе добиете:
- Адекватна анализа на ризикот и предлог за соодветно осигурително покритие по одделни класи на осигурување и одделни друштва за осигурување;
- Бесплатно советување и најсоодветно и најповолно предлог покритие во осигурувањето;
- Посредување во име на осигуреникот за склучување на договорот за осигурување кој ќе обезбеди најсоодветно осигурително и реосигурително покритие;
- Запознавање на осигуреникот со условите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија, како и запознавање на осигуреникот со неговите обврски по таа полиса;
- Укажување помош на осигуреникот во текот на важењето на полисата;
- При настанување на осигуран случај (штета) нудиме стручна помош, подготовка на доказна документација за основата и висината на оштетното побарување и посредуваме за брзо и соодветно надоместување на штети.