Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија е асоцијација на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија во кои се здружени заради остварување на нивните интереси и права на повисоко ниво.
Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија е демократска, невладина, непартиска организација во која зачленувањето е доброволно.
Формиран е со цел членовите на организиран начин да ги изразуваат и остваруваат своите посебни и колективни интереси, да ги подобрат своите економски, социјални, културни и други општествени интереси како и правата од работен однос и правото на синдикално организирање.