АМСМ

РЕГИСТРАЦИЈА И ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗИЛА

Адреса: Митрополи Теодосиј Гологанов 51, Скопје

Тел. 02 3181 101; 071 376 534 Анжелика  

Поволност: плаќање на 8 рати 

За да ја користите услугата на АМСМ и Мобилити брокер треба да ги пополните следните документи:

  1. Согласност за задршка од плата и Изјава за редовна исплата на ратите 
  2. Потврда дека сте член на синдикатот (се издава во просториите на синдикатот)

ПОВОЛНОСТИ ВО СИСТЕМОТ НА АМСМ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА СИНДИКАТОТ

За членовите на Синдикат на клинички центар, АМСМ Ви нуди специјални пакети со услуги.
Секој пакет услуги носи определен попуст, кој се одобрува веднаш при користењето на
услугите.
Вработениот има право да одбере еден од наведените пакети согласно неговите потреби.
Врз основа на бројот на вработени во вашата компанија АМСМ ќе Ви достави вредносни Ваучери на кои се наведени сите пакети на услуги.
Вашата компанија се обврзува на вработениот да му достави Вредносен ваучер.
Вредносниот ваучер вработениот може да го користи во период од една година од датумот на доставување на Ваучерот во Вашата компанија.
Вредносниот ваучер вработениот може да го користи во свое име или да го пренесе на трето лице.

Во табелата подолу се прикажани пакет услугите како и одобрениот попуст за секој пакет одделно.

Услови за користење на попустот од избран пакет на услуги:

Вредносниот ваучер може да го користи на три локации на АМСМ, во Скопје и тоа во
Центар и Чаир и во станицата во Велес.

Попустот за избран пакет на услуги вработениот го добива доколку ги користи сите
наведени услуги во пакетот одеднаш.

Попустот го добива во моментот на плаќање на избраниот пакет на услуги.
Во услови кога има промотивна/акциска цена на услугите во АМСМ системот наведени во
вредносниот ваучер тогаш вработениот може да избере дали ќе го користи Вредносниот
Ваучер или промотивната акција.

  1. Опис на услугите во системот АМСМ

1.1.  Технички преглед

1.2.  Меѓународни документи – Можност за издавање 24/7

  • Меѓународна возачка дозвола
  • Одобрение за управување туѓо моторно возило

1.3.  Доколку вработениот има потреба од информација за цената на регистрација на
неговото возило може да испрати е-мејл со податоци за возилото на: vip@amsm.com.mk

1.4   Дополнителни услуги

  • Издавање на документ – Потврда за сообразност или Согласност за регистрација – неопходен за прва регистрација за увезено возило (ново или половно)- хомологација.
  • Одобрување на преправено возило:

–           Дополнително вградени фолии на стаклата од возилата

–           Дополнително вграден уред за погон на возилото на течен нафтен или компримиран гас

–           Дополнително вградена влечна кука на возилото

–           Промена на мотор на возилото (во случај кога од страна на МВР ќе се утврди
недостаток на податоци во сообраќајната дозвола)

–           Пренамена на возилото од патничко во товарно (или обратно)

  1. АМСМ Членство

Со повеќе од 15.000 членови низ Република Македонија, физички и правни лица, АМСМ е најголемиот сојуз на граѓани во Република Македонија, кој со помош на своите партнери секојдневно се грижи за своите членови.

Тргнувајќи од грижата за безбедноста и сигурноста на своите членови, корисници на услуги, а со цел да се задоволат нивните потреби и желби, АМСМ изготви посебни пакет услуги кои се однесуваат на сите физички и правни лица.

Времетраењето на сите членски пакети е 12 месеци од денот на издавањето на
членскиот пакет.

Пакет услуги за физички лица

  • Classic
  • Europe Premium

2.1.   АМСМ Classic – 990,00 денари

  1. Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 200 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото. Шлеп возилото ќе тргне од АМСМ СПИ базата која е најблиску до местото на дефект на возилото.
  2. Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода – неограничено во километри
  3. Пренос на возило по повластена цена за членови
  4. Бесплатна помош на пат – замена на пневматик, стартување на возило заради испразнет акумулатор, отстранување проблеми со брава, отстранување ситен дефект и дотур на гориво.
  5. Извлекување на возило каде е технички можно
  6. Покривање на патни трошоци до 1000 денари во случај на дефект или на сообраќајна незгода
  7. Дополнителни погодности, попусти и сезонски акции во системот на АМСМ организирани за возилата за кои е издадено членство
  8. „Travel Info Set“ (информативен комплет за патување)
  9. Бесплатно списание „AМСМ Клуб Мобилити“ во печатена или електронска форма (на електронска или контакт адреса).

2.2   АМСМ Europe Premium – 2.700,00 денари

Во Република Македонија:

Во Европа:

  1. Бесплатен пренос на оштетено возило во случај на сообраќајна незгода до 400 евра.
  2. Бесплатно шлепување или помош на пат при дефект на возило до 200 евра
  3. Покривање трошоци за хотелско сместување, рент а кар или патни трошоци до 200 евра

Напомена:
Понудените услуги во членските пакети се однесуваат на патнички моторни возила и лесни комерцијални возила со следниве карактеристики:

  1. Вкупна маса до 3,5 тона
  2. Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 метра

Scroll to Top