Корисници на средствата од Фондот, се членовите на Самостојниот синдикат, кои редовно плаќаат членарина во последните 12 месеци, како и членовите на нивните потесни семејства. Времетраењето на членувањето на барателот на помош, се утврдува со потврда издадена од страна на претседателот и благајникот на Синдикалната организација во која членува барателот

Покрај пополнетото БАРАЊЕ (во зависност од видот на помошта), потребни ви се следните документи за остварување на право од Солидарниот фонд:

1. Парична помош за подолготрајно боледување

  • Обрасци – Извештај за привремена спреченост за работа во континуитет, или Мислење од Комисијата за продолжување на боледувањето.
  1. 2. Парична помош за лекување и медицински помагала
  • конзилијарно мислење;
  • отпусно писмо;
  • специјалистички извештај;
  • фактура/фискална сметка од државата или странство.
  1. 3. Парична помош за потешки последици од елементарни непогоди
  • Официјална потврда од надлежен орган за претрпена штета;
  • Доказ за сопственост на живеалиштето – имотен лист.
  1. 4. Парична помош за смрт на член на Фондот
  • Фотокопија од изводот на матичната книга на умрените;
  1. a) смрт на член на неговото потесно семејство
  • Фотокопија од изводот на матичната книга на умрените;
  • Фотокопија од лична карта;
  • Фотокопија од извод на матичната книга на родените на Барателот не постар од шест месеци (кога барателот е член на потесно семејство)
  1. 5. Парична помош во случај на отказ или претрпени финансиски последици поради синдикални активности
  • Решение за престанок на работен однос или Решение за изрекување дисциплинска мерка.
  1. За било кои други случаи кои не се назначени во Правилникот – докуманти со кој ќе се оправда барањето која се бара.

ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА


Членовите на Синдикатот барањето за користење на некое право согласно Правилникот го поднесуваат до Синдикалната организација.

Претседателот на Синдикалната организација, по претходна проверка на потребната документација го доставува до Комисијата на Солидарниот фонд на Самостoен синдикат на вработените во универзитетски клиники, центри,    клинички болници и други јавни здrавствени установи во република македонија.

НАПОМЕНА:

  • Комисијата нема да ги разгледува:
  • некомплетно поднесените барања
  • барањата доставени вон утврдениот рок
  • барањата на барателите кои не уплатуваат во Солидарниот фонд;

директно упатените барања до Комисијата

Scroll to Top