ЦРЦ – ЦЕРТУС – РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА И ОСИГУРУВАЊЕ

РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА И ОСИГУРУВАЊЕ

ЦРЦ-РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА

Адреса: ул. Лепенец бр.10 Скопје

Тел. 02 2 555 550

Поволност: плаќање на 6 рати без камата 

ЦЕРТУС-ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА 

Адреса: ул. Методија Андонов Ченто 15а, Скопје

Тел. 2555 550; 2050 180; 078 258 913

Поволност: плаќање на 12 рати без камата; минимум рата 500 денари   

 Потребна документација за да ја користите поволноста за плаќање на рати :

  1. Заверена потврда за ЦРЦ-Регистрација на возила Дооел Скопје од благајната на Вашата ЈЗУ за задршка од плата
  2. Изјава со која гарантирате редовна исплата на ЦРЦ-Регистрација на возила
  3. Заверена потврда од Синдикатот дека сте член (се издава во просториите на Синдикатот)
  4. Заверена  потврда за Осигурително брокерско друштво ЦЕРТУС АД Скопје од    благајната на Вашата ЈЗУ за задршка од плата
  5. Изјава со која гарантирате редовна исплата на Осигурително брокерско друштво ЦЕРТУС АД Скопје
  6. Заверена потврда од Синдикатот дека сте член (се издава во просториите на Синдикатот)                  

ЦРЦ – Регистрација на возила Дооел Скопје е Станица за технички преглед за сите видови моторни и приклучни возила . Тимот во станицата за технички преглед е составен  од искусен и лиценциран млад кадар . Стручноста и професионалноста на нашите вработени , секојдневно ја потврдуваат нашите задоволни клиенти .

Подготвени сме да ви овозможиме брза и квалитетна услуга .

Во СТП ЦРЦ – Регистрација на возила Дооел својата дејност ја обавува и ОБД ЦЕРТУС АД Скопје каде може да се обезбедат сите видови на полиси за осигурување.

Во СТП ЦРЦ-Регистрација на возила , имате можност да ги добиете следниве услуги и тоа се на едно место :

  • Технички преглед на сите видови моторни и приклучни возила
  • Изготвување и подготовка на документи за прва регистрација за сите видови моторни и приклучни возила ,односно продолжување важноста  на регистрацијата
  • Издавање на пробни регистраски таблици
  • Издавање на меѓународна возачка дозвола
  • Издавање на одобренија за управување со туѓо моторно возило во странство
  • Хомологација
  • Сите видови на Атести
  • Цемт дозволи
  • ТЕУ
  • ТИФ

Осигурително Брокерско Друштво ЦЕРТУС АД Скопје ќе ги извршува следните услуги :

  • осигурување од авто одговорност
  • зелен картон
  • каско осигурување
  • патничко осигурување
  • осигурување на имот
  • сите други видови осигурување

Ве очекуваме во нашите станици за технички преглед:     

  • СТП Даме Груев со локација на ул.Лепенец бр.10 , Ѓорче Петров
  • СТП Ченто со локација на ул.Методија Андонов Ченто бр.15 А , Ченто
Scroll to Top