РАБОТНИК

Француските здравствени работници незадоволни, бараат повисоки плати и повеќе вработени

На само неколку дена пред парламентарните избори во Франција, здравствените работници денеска протестираа низ градовите низ земјата барајќи повисоки плати и повеќе вработени во медицинските служби.

Претседателот Емануел Макрон, кој неодамна беше избран за втор претседателски мандат, нареди точно да се утврди на кои итни медицински служби им е потребна итна човечка помош, предупредувајќи дека „нема време за губење“, пренесува ТВ Франс 24.

– Ниту еден медицински оддел не е поштеден, нашите јавни здравствени установи се во процес на изумирање поради недостаток на ресурси – предупреди Пјер Вак, шеф на синдикатот Се-Же-Те во Стразбур, на истокот на Франција.

Протестите започнаа вчера наутро во болниците, а продолжија попладнето во Министерството за здравство во Париз, каде вработените во бели медицински мантили вееја транспаренти со пораки како „Вработи повеќе луѓе и плати повеќе, итно е“.

Група француски работници за брза помош открија во анкетата во мај дека најмалку 120 одделенија за итни случаи низ земјата веќе го намалиле својот бизнис или се подготвуваат да го сторат тоа по кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Скопје, 08.06.2022 година

Извор: www.rabotnik.com.mk