ИНФОРМАЦИИ

ССКЦ е член на Европската (ЕПСУ) и Светската (ПСИ) конфедерација на синдикати на јавен сектор

Извршниот Комитет на Европската федерација на синдикати на јавен сектор – ЕПСУ (European Public Service Unions – EPSU) на 7-8 Април 2021 година донесе одлука за прием на ССКЦ во ЕПСУ и даде позитивна препорака до Извршниот одбор на Светската федерација на синдикати на јавен сектор – ПСИ (Public Services International – PSI) за прием на ССКЦ во ПСИ.

На 26-27 Мај 2021 година Извршниот одбор на Светската федерација на синдикати на јавен сектор – ПСИ го одобри барањето на ССКЦ за членство и донесе одлука за прием на ССКЦ во ПСИ.

ЕПСУ обединува 8 милиони вработени во јавните служби од 270 синдикати. ЕПСУ е член на ЕТУK и на Европската регионална организација на ПСИ. Седиштето на ЕПСУ е во Брисел.

ЕПСУ има за цел да го зајакне универзалниот пристап до квалитетни јавни услуги и добри услови за вработување како клучни елементи за европскиот социјален модел.

ЕПСУ е активна во голем број области на политиките на Европската Унија, како на пр. секторска политика (енергија, здравство), внатрешен пазар (јавни набавки), социјална политика (вработување, социјален дијалог) и јавни услуги.

ПСИ е светска синдикална федерација основана во 1907 година на првиот Конгрес на ПСИ одржан во Штутгарт, има 700 здружени синдикати од 154 земји што претставуваат над 30 милиони работници кои обезбедуваат витални јавни услуги, вклучително и оние кои работат во социјална и здравствена заштита, општински служби, вработени во централната влада и јавни комунални услуги.

ПСИ е водечка сила за човекови права, се залага за социјална правда и промовира универзален пристап до квалитетни јавни услуги. ПСИ соработува со Обединетите нации, со организации кои се борат за вреднување на трудот на работникот, со граѓански здруженија и други невладини организации. Седиштето на ПСИ е во Ферни-Волтер, Франција (на границата со Женева, Швајцарија).

Скопје, 02.06.2021 година