ИНФОРМАЦИИ

ССКЦ донираше во трезорската сметка на НБРМ за финансиска помош за Ковид-19

На седницата на Извршниот одбор (во понатамошниот текст: ИО) на Самостојниот Синдикат на вработените во Универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија (во натамошниот текст: ССКЦ или Самостојниот синдикат) одржана на ден 22.04.2020 година, една од точките на дневниот ред беше за мислењето и ставот на ИО на ССКЦ за донација за лична заштитна опрема за вработените во ЈЗУ во РС Македонија.

Во однос на оваа точка се истакна дека до раководството на синдикатот се пристигнати бројни укажувања за фактичката состојба и незадоволството кое постои кај членовите на ССКЦ за ЛЗО која им е на располагање, а кое е особено изразена кај персоналот од другите клиники, кој ротира и е распореден на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби (постои и фотодокументација за ЛЗО која персоналот ја користи). Според сознанијата незадоволство од ЛЗО  е присутно и кај персоналот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби за што „наводно“ им е забрането да говорат.

Членовите на ССКЦ бараат синдикатот согласно своите статутарни и законски права и обврски да превземе конкретни чекори и постапки за да ја подобри оваа состојба.

Претседателот на ССКЦ во меѓувреме ги информираше одговорните институции  (Министерството за здравство, Главниот координативен кризен штаб при Владата на РС Македонија, ДСЗИ) за овие укажувања и барања на членовите на ССКЦ, и им достави фотографии на кои се гледа членка на ССКЦ со ЛЗО која ја користи при извршување на нејзините работни задачи и обврски во Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Од сите институции со кои претседателот на ССКЦ контактираше, одговорот беше дека ЛЗО која ја користат вработените во ЈЗУ во РС Македонија е соодветна на нивото на здравствена заштита и дека е согласна со протоколите утврдени од СЗО и Комисијата за заразни заболувања, и дека не постои недостиг на ЛЗО во ЈЗУ во РС Македонија и истата ја има во доволни количини.

ИО на ССКЦ е на став дека превземените мерки и препораки од страна на Министерството за здравство, Комисијата за заразни заболувања и Владата на РС Македонија за намалување на ширењето на Ковид-19 кај населението во РСМ се соодветни со цел да се сочува здравствениот персонал и да не се надминат капацитетите на здравствениот систем за да не дојде до негов колапс и истите ги поддржува.

Истовремено, ИО на ССКЦ е на став дека личната заштитна опрема (ЛЗО) за вработените во ЈЗУ во РС Македонија не е доволна, и постои недостиг на истата, особено во визири и N 95 заштитни маски. Овој став е изграден врз основа на укажувањата од членството, сеуште постоечките донации од бројни организации, здруженија, фирми и граѓани кои донираат материјални средства за оваа намена, како и фактот дека Министерството за здравство и Владата на РС Македонија отворија трезорска сметка во НБРМ за финансиска помош за Ковид-19.

Поради овие причини, ИО на ССКЦ едногласно ја донесе следната одлука:

  • ССКЦ да донира во ЛЗО за вработените во ЈЗУ во РС Македонија во висина од 140000,00 (сточетириесетилјади денари) и истите да ги уплати на Трезорската жиро сметка на НБРМ со назнака за финансиска помош за Ковид-19.

Потврдата и благодарницата за донацијата издадени од Министерството за здравство може да ги погледнете тука.

Скопје, ИО на ССКЦ   22.04.2020 година