ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Член 204-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита (Сл. Весник број 178 од 04 август 2021)

З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА

Член 1

Во Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21 и 122/21), во член 204 алинејата 6 се менува и гласи: „ – му престане договорот за вработување, поради возраст согласно со прописите од областа на работните односи.“.

Член 2

По членот 204, се додава нов член 204-а, кој гласи:

Член 204-а

(1) По исклучок од членот 204 алинеја 6 од овој закон*, заради непречено вршење на здравствената дејност во мрежата на здравствените установи, директорот на здравствената установа по претходна согласност на здравствениот работник односно здравствениот соработник, еднаш годишно донесува одлука за продолжување на договорот за вработување на здравствениот
работник, односно здравствениот соработник кој ги исполнил условите за стекнување на старосна пензија најмногу до 67 години возраст.

(2) Одлуката на директорот за продолжување на работниот однос на здравствениот работник и здравствениот соработник од ставот (1) на овој член, ја потврдува министерот за здравство.“.

Член 3

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Службен весник 04 Август 2021 Бр. 178 – Стр. 6

* Алинеја 6 од Член 204 од Законот за здравствената заштита која се однесува на поглавието Престанување на вработување по сила на закон и која гласи „- му престане договорот за вработување, поради возраст согласно со прописите од областа на работните односи.“.