Почитувани членови,
Со задоволство Ви соопштуваме дека ССКЦ постигна значајни резултати во преговорите со Владата на Република Северна Македонија во однос на остварување на правото на покачување на платите на вработените во јавните здравствени установи.
- ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТА – НОВА ВРЕДНОСТ НА ВРЕДНОСНИОТ БОД
Врз основа на потпишаната Спогодба со Владата, земајќи ги предвид трошоците на живот, економските можности на стопанството, општото ниво на платите во земјата, нивото на продуктивноста, социјалните давања и другите економски и социјални фактори, утврдено е следново:
Вредносниот бод за пресметка на плата се утврдува во износ од 16.543,00 денари.
Пресметувањето на најниската плата врз основа на новиот вредносен бод ќе отпочне да се применува со исплата на платата за месец МАРТ 2026 година.
- ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИДОБИВКИ ИЗБОРЕНИ ОД ССКЦ
Покрај покачувањето на вредносниот бод, ССКЦ во предоговорите со Владата успеа да изборена и следните дополнителни придобивки за вработените:
- Изработка на Правилник за начин и примена на платите – Во рок од два месеци, заедно со Фондот за здравство и Министерството за здравство, ќе се изработи Правилник за начин и примена на платите, со цел да се исправи неправдата спрема вработените во однос на пресметката на платите.
- Нов Колективен договор до 01.09.2026 година – Утврдена е временска рамка за изработка на нов колективен договор за вработените во јавните здравствени установи, кој ќе биде столбот на правата на вработените во ЈЗУ. Крајниот рок за изработка и потпишување на новиот Колективен договор е 01 септември 2026 година.
- Зголемување на вредносниот бод со потпишување на новиот КД – Со потпишувањето на новиот Колективен договор, вредносниот бод ќе биде зголемен на 16.700,00 денари, со што ќе се обезбеди дополнително подобрување на платниот статус на сите вработени.
ССКЦ и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на сите вработени и ќе ги штити нивните права.
Претседател
на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија
Прим.д-р спец. Предраг Серафимоски

