ПРОДАЖБА НА ЖЕНСКА И МАШКА ДОЛНА ОБЛЕКА
Leomar group (Bonnati fiore) – Скопје
Локација: ул. 9ти Мај 10А, Скопје
Тел: 072 266 768; 02 3201055
Поволност: плаќање на 6 рати без камата (минимум рата 1000 денари).
Потребна документација за да ја користите поволноста за плаќање на рати:
- Заверена потврда од Вашата ЈЗУ за задршка од плата
- Изјава со која гарантирате редовна исплата на ратите
- Членска карта на ССКЦ или заверена потврда од Синдикатот дека сте член (се издава во просториите на Синдикатот)
- Лична карта
Во светот на модата, предизвик на компанијата LEOMAR group е да се живее во светот посветен на жените и да влијае во креирање на мода за жени и мажи.
ЛЕОМАР ГРУП ДОО е компанија основана во Скопје во 2014 година. Основна дејност на компанијата е увоз и продажба на хулахопки и чорапи, како и увоз и продажба на женска и машка долна облека, пижами и костими за капење. Ние се обидуваме нашето искуство и посветеност да го усмериме кон доведување на производите до потрошувачите и нивно потполно уживање во производите кои се нудат.
На почетокот, портфолиото на LEOMAR group се состоеше од производи на полскиот бренд Fiore, кој со неговиот дизајн и функционалност нуди голем избор на хулахопки и чорапи дизајнирани да ги задоволат потребите на најпребирливите дами. Истражувањето и употребата на најдобрите предива се основа за да се обезбеди максимална удобност за жените, нагласувајќи ја нивната женственост. Чорапите и хулахопките на Fiore нудат уникатен стил и дизајн.
Понатака, портфолиото на LEOMAR group се зголеми со производи од српскиот бренд Bonatti. Моделите на долна облека, пижами и костими за капење на брендот Bonatti комбинираат гламур со модерна функционалност на модели во согласност со најновите трендови и бои, кои нудат одличен квалитет и конкурентна цена.
Филозофијата на компанијата LEOMAR group е никогаш да не се биде задоволен со моменталната продажба, и постојано да го ревидира и да го надополнува портфолиото на продажбата и да ги анализира вашите идеи без граници.