СПОРТСКИ ЦЕНТАР SYNERGY FITNESS & SPA – СКОПЈЕ
Адреса: Ул. Владимир Комаров 11А (кај ПИОМ)
Телефон: 02440025; 022440005
Поволност: 35 до 40% попуст
Потребна документација:
- Членска карта на ССКЦ
Спортскиот центар Synergy Fitness & Spa е отворен на 21.01.2015. Центарот е опремен со најсовремени апарати и технологија кои ќе Ви озвозможат совршен тренинг и загарантирана релаксација.
Фитнес салата е со дневна светлина, пространа, со висина поголема од стандардната, професионална вентилација, опремена со комплетната и најсовремена програма на TECHNOGYM.
За Вас се грижат високо квалификувани инструктори и тренери кои ќе Ви помогнат да го постигнете саканиот резултат.
Покрај фитнес салата, центарот содржи две сали за групни активности:
- Спининг
- Аеробик
- Зумба
- Пилатес
- Јога
- P90
- Р90Х
- Kick Fit
- Џит Кун До – за деца
- Jungle Jym – за деца
Нашата Спа зона е витална компонента за уживање во поздравиот начин на живот. Таа содржи:
- Финска Сауна
- Инфрацрвена Сауна
- Парна Бања
- Релакс Зона
- Финска кофа со ладна вода
Synergy Fitness & Spa располага со две масажни студија каде може да Ви овозможиме релакс, спортски, антицелулитни и детокс масажи.
Покрај горенаведеното, спортскиот центар содржи и пространа кафетерија, детска игротека и подземен паркинг.