Комисија за прописи и правни прашања

Во согласност со нашите цели, дејности и активности, а со цел остварување и заштита на правата од работен однос, Комисија за прописи и правни прашања при ССКЦ за своите членови обезбедува правни совети и помош.
Правна помош е една од придобивки што вработените ги имаат врз основа на нивното членство во ССКЦ. Голем број на вработени се соочуваат со незаконски престанок на работен однос, неисплатена плата и придонеси од плата, незаконско намалување на плата, неоправдана дисциплинска постапка, непочитување на колективните договори, непочитување на законските одредби поврзани со годишниот одмор и работното време и други прекршувања на правата од работен однос.
Комисија за прописи и правни прашања може да Ви пружи правни совети во врска со остварување на правата од работа и врз основа на трудот, и пружање на трудово – правна заштита пред судовите во Република Македонија.
Доколку сте член во ССКЦ и имате потреба од правни совети и помош, може да го остварите најпрво преку:
  • Консултација со синдикалниот претставник
  • На е-маил адресата на Комисија за прописи и правни прашања на ССКЦ: рravnapomos@sskc.mk или sskc.mk@gmail.com
  • На телефон на ССКЦ: +389 75 388 403
Scroll to Top