Одлуката на министерот Филипче, Стерилизацијата да се даде приватен партнер и да функционира на принцип на јавно приватно партнерство наиде на остри реакции во Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација.
„Нема издржана анализа за јавно приватно партнерство за Стерилизацијата, а физибилити студијата се држи во тајност. Тендерската документација има недоречености и отвора можност за ризик , ова за НОВА го тврди Анета Симоновска претседател на Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација.
Симоновска која е дипломирана медицинска сестра и 15 години работела како инструментарка, тврди дека не биле стручно консултирани како фела, ниту тие, ниту вработените во стерилизација. Кога побарале средба со Филипче, тој бил отсутен. Таа вели дека со вака набрзина осмислен проект може да настанат големи проблеми бидејќи во светот ваков тип на јавно приватно партнерство на ниво на држава не постои.
Според тендерската спецификација планирани се четири регионални центри два во Скопје, а другите два во Охрид и во Кавадарци.
Инаку ваквиот проект за јавно приватно партнерство се покажа неуспешен во Албанија, каде на тендер се јавиле истите фирми како во Македонија.
Извор: Нова ТВ Од: Менче Атанасова Точи 5:08 PM – 12 July 2019