Централизација на стерилизација на инструментите
Концептот не можеме да го разбереме, не е прифатливо за нас стерилизацијата, да се прави на едно место, а тие инструменти би се носеле во друг град. Не знаеме колку време тие инструменти и материјали можат да бидат стерилни, вели Горан Беговиќ, Претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар – ССКЦ.
Според него држењето во неизвесност на една хируршка екипа, да чека од друга град да и дојдат стерилни инструменти не е добро.
„Нашата стерилизација во склоп на хирургија е најдобар пример. Инструментите ни се тука на дофат. На тој начин и на хирурзите им се олеснува работата“, вели Беговиќ.
Беговиќ истакна дека тие не се вклучени во преговори за ниеден сегмент од здравствената политика , а Министерот за здравство велел дека разговарал со синдикатите.
„Ниту не повикал на разговор, ниту знаеме каков му е концептот. Она што го знаеме, го дознаваме од нашите вработени и дел од медиумите, а концептот колку што знаеме има една централна стерилизација во Кавадарци, од каде што инструментите се носат во друг град и во друга хируршка установа“, рече Беговиќ.
Концептот на лабораторијата
Тој наведе дека таков бил и концептот со лабораторијата, односно тие да се централизираат и испитувањата и резултатите од нив, од еден град да се носат во друг град. На што синдикатот се спротивставил. Тие не ја гледаат целта на веќе формирани лаборатории кои функционираат одлично, да се централизираат. Она што тие како синдикат го гледаат и размислуваат дека сето тоа нема да заврши со стерилизацијата. Вели дека не се во целост против тој концепт на јавно – приватно партнерство. Тие не се против паркингот на клинички центар да го земе приватен сопственик и да направи две – три катни гаражи и можеби некои други услуги, како обезбедување или чистење на клиничкиот центар, но сето тоа да не се одрази врз вработените.
Пет месеци од ветувањето за катни гаражи
Според Беговиќ, Министерот за здравство, уште во јануари ветил дека за два три до три месеци ќе направи катни гаражи и дека за лекарите паркингот ќе или бесплатен или 100 до 200 денари. Истакна дека за тоа имале протест, бидејќи паркингот го плаќале 800 денари, но не се подобрило ништо. Беговиќ вели дека се е дека нешто ќе биде, а кога ќе биде не се знае. Наведе дека од јануари до сега поминале пет месеци, но тие немаат ни контакт со министерот.
„За жал има некои работи каде некој од министерството праќа дописи, за дел од кадарот од дигестивна хирургија во клинички центар и Градска болница „8 септември“ да се префрлат во болницата на Жан Митрев, но тоа ние не го прифаќаме. Гледаме дека приватните болници се на некој начин привилегирани и од ова министерство, за жал беа и од претходното, а операциите таму и буџетот од фондот се многу поголем од нашиот буџет, за многу повеќе интервенции“, вели Беговиќ.
За нивниот синдикат и за вработените не е прифатливо бидејќи не може сопственик кој работи со профит, со ист буџет кој ќе инвестира во модерни болници, со овој буџет за кој тие велат дека не работи доходовно во јавното здравство, кај сопственикот да работи со профит и да има уште подобри услуги за пациентите и граѓаните.
Извор: www.rabotnik.com.mk 13.08.2019