Работник.мк: Д-р Панев: Одливот на доктори нема да запре без зголемувањето на платите

Сеуште нема ништо од зголемувањето на платите на докторите од терцијалното здравство за ветените 100,000 денари, ниту пак за зголемување на платите на докторите од примарното и секундарното здравство кои според  Претседателот на синдикатот на итната медицинска помош при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, Ангел Панев се премногу мали.

Наддавањето со бројки се покажа како малку несоодветно и за тие 100,000 денари бидејќи прво се тврдеше дека ќе бидат основна плата, па потоа просечна плата, па максимална заработка на докторите – специјалисти, а тоа се три различни пресметки за коишто до ден денеска не сме сигурни за што зборуваме, вели д-р Ангел Панев.

Панев истакна дека зголемувањето секогаш се однесува на основната плата на докторите, а не на додатоците, бидејќи тие не се исти кај секој доктор.

„Основната плата на докторите – специјалисти сега моментално е 44,500 денари во терцијалната здравствена заштита, додека во примарната здравствена заштита што се остварува на ниво на здравствени домови каде што спаѓаат докторите од итната медицинска помош, доктор по општа пракса кој не е специјалист има основна плата 24,000 денари, што на ниво на просечната плата во државата.“, рече Панев.

Тој наведе дека платите на медицинските сестри со средно образование во примарната здравствена заштита каде што нема никакви додатоци, туку само основна плата и додадок за стаж, изнесува 17 до 18,000 денари.

„Примањата на медицинските сестри се поблиску до износот на минималецот, отколку до просечната плата или пак до просечната плата од 30,000 денари која се најавува, а која не е ништо освен мисловна именка“.

Според него ниеден млад доктор кој сака да започне да создава докторска кариера во Македонија тоа ќе го направи за 24,000 денари, како и дека треба добро да се размисли за огромниот одлив на доктори од македонското здравство и кој нема да сопре доколку платите драстично не се зголемат.

Тој рече дека и во службатата на итната медицинска помош која е сеуште во примарната здравствена заштита и сеуште никој не наоѓа начин тоа да го реши, фалат голем број на доктори.

На прашањето дали вработните во итната медицинска помош би влегле во генерален штрајк, тој рече дека службата на итната медицинска помош според закон не може да штрајкува со прекин на работата бидејќи основна функција на итната медицинска помош е да згрижува итни случаи и таа мора да функционира 24 часа во денот.

Во однос на тоа дали смета дека треба да се направи компромис со одредена политичка партија која на писмено би им ветила дека ќе ги исполни нивните барања, тој рече дека тоа секако е можно, без разлика за која политичка структура и да се работи.

Извор: www.rabotnik.com.mk  Nov. 06, 2019 at 3:58 pm

Scroll to Top