На седницата на Извршниот одбор (во понатамошниот текст: ИО) на Самостојниот Синдикат на вработените во Универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија (во натамошниот текст: ССКЦ или Самостојниот синдикат) одржана на ден 25.03.2020 година, ИО на ССКЦ согласно своите сознанија завзема став дека личната заштитна опрема (ЛЗО) за вработените во ЈЗУ во РС Македонија не е доволна.
Овој став, покрај непосредните сознанија и контакти со своето членство е поткрепен и од фактот дека на доброволна и волонтерска основа бројни организации, здруженија и фирми се вклучија во изработка на средства за ЛЗО за вработените во ЈЗУ во РС Македонија, како и граѓани кои донираат материјални средства за оваа намена.
ИО на ССКЦ по согледаните факти и дискусија одлучи ССКЦ да уплати средства за донација за лична заштитна опрема (ЛЗО) за вработените во ЈЗУ во РС Македонија.
Согласно наведеното, ИО на ССКЦ едногласно ја донесе следната одлука:
- ССКЦ да донира во ЛЗО за вработените во ЈЗУ во РС Македонија во висина од 120000,00 (стодваесетилјади денари) и тоа:
- ССКЦ да уплати 60000,00 (шеесетилјади денари) на жиро сметката на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ за репроматеријали за изработка на визири.
- ССКЦ да уплати 60000,00 (шеесетилјади денари) на жиро сметката на фирмата „Кули дооел“ од Прилеп за репроматеријали за изработка на заштитни маски за лице.
Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ и фирмата „Кули дооел“ од Прилеп изработката на ЛЗО за вработените ја извршуваат на доброволна и волонтерска основа, без профит и добивка од нивна страна.
ИО на ССКЦ 25.03.2020 година