Одлука за постоење на кризна состојба 3730 (Службен весник 20 Ноември 2020 бр. 277 – Стр. 10)

3730.    

ОДЛУКА ЗА ПОСТОЕЊЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ВО УСЛОВИ НА ПОСТОЕЊЕ НА ПАНДЕМИЈА ПРОГЛАСЕНА ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-COV-2 И ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ ОД НЕГОВО ШИРЕЊЕ ВО ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ СО ШТО СЕ ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО

Член 1

Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската Здравствена Организација од заразната болест COVID- 19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.
Мерките и активностите согласно утврдената кризна состојба ќе се преземаат на целата територија на Република Северна Македонија која е зафатена со кризната состојба и каде се манифестираат причините наведени во став 1 на овој член.

Член 2

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање.
Главниот штаб при Центарот за управување со кризи од 21 ноември 2020 година до 24.00 часот да изготви акциски план за превенција и справување со ширењето на заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување.

Член 3

Органите на државната управа да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.

Член 4

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила.

Член 5

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.  

Службен весник 20 Ноември Бр. 2774 – Стр. 10

Scroll to Top