4081.
Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, а во врска со членот 31 став (5) од Законот за управување со кризи („Службен весник на Република Македонија“ број 29/2005, 36/11, 41/14, 104/15, 39/16 и 83/18), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 декември 2020 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ВО УСЛОВИ НА ПОСТОЕЊЕ НА ПАНДЕМИЈА ПРОГЛАСЕНА ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ
SARS-COV-2 И ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ ОД НЕГОВО ШИРЕЊЕ ВО ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ СО ШТО СЕ ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО
Член 1
Со оваа одлука се одобрува продолжување на рокот за постоење на кризна состојба утвреден во Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската Здравствена Организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението
(„Службен весник на Република Северна Македонија“ број 277/20), до 30 јуни 2021 година.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе започне да се применува од 19 декември 2020 година.
Службен весник 17 Декември 2020 Бр. 299 – Стр. 2