Одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба 4370 (Службен весник 10 Декември 2021. бр. 274 – Стр. 2)

4370.
Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, а во врска со членот 31 став 5 од Законот за управување со кризи („Службен весник на Република Македонија“ број 29/2005, 36/11, 41/14, 104/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 215/21), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 9 декември 2021 година, донесе

О Д Л У К А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЗАРАДИ ВИСОК РИЗИК ОД ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА ВЛЕЗ И ТРАНЗИТИРАЊЕ НА МИГРАНТИ НИЗ ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ОД ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА ВО УСЛОВИ НА ПОСТОЕЊЕ НА ПАНДЕМИЈА ПРОГЛАСЕНА ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ВИРУСОТ SARS-COV-2 И СПРЕЧУВАЊЕ ОД НЕГОВО ШИРЕЊЕ, СО КОИ СЕ ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА, ЗДРАВЈЕТО И ИМОТОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО

Член 1

Во Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 88/21), во членот 1 зборовите: „до 31 декември 2021 година“ се заменуваат со зборовите: „до 30 јуни 2022 година“.   

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2022 година.

Службен весник 10 Декември 2021 Бр. 274 – Стр. 2

Scroll to Top