Претседателот на ССМ Дарко Димовски по вчерашната двочасовната средба во Владата на која не бил постигнат договор за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари најави дека денеска ќе биде донесена одлука за генерален штрајк.
Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува“, рече Димовски, додавајќи дека денеска ќе заседаваат највисоките тела на ССМ и се очекува да биде донесена одлука за стапување во генерален штрајк.
Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за ова нивно барање како што им било ветено за време на преговорите.
ССМ, на чија иницијатива недела е прогласен за неработен ден, не се согласува ниту со најновите Предлог-законски измени со кои се предлага недела да биде работен ден во туристичките места.
Скопје, 03.06.2022 година
Извор: www.rabotnik.com.mk