Синдикатот за угостителство и туризам – СУТ и Движењето за социјална правда „Обединети работници“ денеска потпишаа Меморандум за соработка за унапредување и заштита на работничките права на вработените во туристичко – угостителскиот сектор.
Претседателот на СУТ, Роберт Митровски рече дека целта на овој меморандум е да обезбеди соработка помеѓу синдикатот и здружението „Обединети Работници“ е унапредување и заштита на правата на работниците во секторот.
Митровски посочи дека проблемите секторот се големи и дека секојдневно се соочуваат со потешкотии и проблеми, потенцирајќи дека на работниците најмногу им е потребна правна помош која, според него, ја немаат.
Претседателот на ДСП „Обединети Работници“ Бобан Кочовски рече дека со потпишувањето на овој Меморандум тие ја формализирале соработката, од причина што веруваат дека е потребно да се создаде поширок фронт на обединување во делот на заштитата на работниците и веруваат дека ова ќе биде првиот чекор од многуте кои ќе следат во иднина, со цел да ѝ помогнат на државата да има што е можно повеќе заштитена работна сила.
Истакна дека намерата е и да им помогнат на луѓето кои работат во Хрватска.
Верувам дека оваа добра намера којашто ја направивме денеска дека ќе вроди со плод и дека ќе имаме поширок круг на пријатели коишто ќе склучуваат слични вакви меморандуми за соработка, со што сојузот на здружени сили ќе биде се поголем“, рече Кочовски.
Скопје, 06.06.2022 година
Извор: www.rabotnik.com.mk