Пациентите нема да бидат враќани бидејќи револтот за тоа што владата немала слух за барањат на здравствените работници кои вклучуваат повисоки плати, ќе го искажат за време на паузата. Синдикатот на Клинички одлучи да се протестира бидејќи премиерот и владините претставници задолжени за државната каса не ги примале на средба. Сепак, немаат поплаки за Министерот Беким Сали за кој велат оти постојано разговарал со нив.
Од Синдикатот впојаснуваат дека најголемиот револт е кај медицинските сестри, а сите свои барања, помеѓу кои е и да нема враќање на проекти како плаќање по учинок, ќе ги образложат на протестот.
Во меѓувреме поддршка за барањата на вработените на Клинички пристигна од Министерството за здравство. Оттаму велат дека во ниту еден случај не треба да бидат редуцирани финансиски средства додатоците, како што се дежурствата и ноќниот труд. Додаваат и дека ќе остварат средби со Министерството за финансии.
Инаку, состојбата во здравството е повеќе од алармантна, бидејќи додека белите мантили бараат повеќе пари, клиниките „тонат“ во долгови кои надминуваат 100 милиони евра, а пациенти болни од рак два месеца немаат терапии.
Извор: Канал 5 ТВ Сања Трајковска Ставров