СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Сериозни се проблемите во јавното здравство, на крајот сите ќе одиме во приватно

Состојбата во јавното здравство е алармантна доколку ги имаме предвид платите на здравствените работници, поставеноста на Kлинички центар, проблемите со специјализациите и специјализантите, порачаа Синдикат на Клинички центар на кој му се приклучи иницијативниот одбор на независниот докторски синдикат „Хипократ“, на чие чело е проф. Беќаровски.  И сега ако бидеме изиграни, вели Беќаровски на крајот сите кои создале име во државава ќе преминеме во приватното здравство, затоа што многумина имаат понуди, младите колеги пак ќе ја напуштат државата.

Прашуваме дали на оваа држава и требаат само судии кои ја вршат работата, така како што ја вршат или им требаат и лекари. Не бараме ништо повеќе, не бараме европски плати, знаеме какви се платите во Европа, меѓутоа по коефициентот на лекар или судија секаде во Европа е, на пример на професор во Клинички центар е 1:1 во корист на универзитетските професори кај нас барем нека биде 1:1, а не како што е сега 2:1 во корист на судиите. Ако се најдоа пари за судиите и за функционерите секако, треба да се најдат пари и за здравство, изјави проф. д-р Нико Беќаровски, И.О. “Хипократ.

Ги испратиле своите барања до министерот за здравство Меџити,  до Фондот за здравство и до ССМ, со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната плата, во спротивно доколку тоа не се случи пред покачувањето во септември ќе ги искористат сите законски акти и прописи.

„А тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерство за здравствоа во консултации со членството може да почнат и протестите. Само тужбите сигурно Фондот и државата ќе ги чини според наша финансиска импликација заедно со гранковиот синдикат околу 120 милиони денари на месечно ниво, 2 милиони евра за цело здравствод-р Предраг Серафимовски“, претседател на ССКЦ

Согласни во ставовите што поскоро да се врати институцијата Клинички центар со еден директор и еден Управен одбор. Директорите на клиниките да бидат од вработените на клиниката со минимум 20 годишно специјалистичко искуство и пожелно би било да биде од редот на професорите кои се на таа клиника. Да запре практиката на вработување на некомпетентен кадар по партиска линија.  За вработувањата исклучиво да одлучува стручниот колегиум на секоја здравствена установа, порача професор Беќаровски.

Scroll to Top