Согласно доставените барања од вработените, членовите на самостoен синдикат на вработените во универзитетски клиники, центри, клинички болници и други јавни здrавствени установи во Република Македонија во врска со тековните проблеми со кои се соочуваат претседателот на ССКЦ – д-р.Предраг Серафимоски, ПОБАРА итна средба лично со Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на која ќе се разговара на следните прашања:
- Зголемување на платите на вработените;
- Работна група за доработка на ПКД;
- Потпишување на нов ПКД;
- Издвојување на здравствената администрација од јавна администрација;
- Остранување на временската рамка за завршување на високостручната школа за здравствените работници како услов за нејзино признавање.
Со почит,
Самостoен синдикат на вработените во универзитетски клиники, центри,
клинички болници и други јавни здrавствени установи во Република Македонија
Претседател
Др. Предраг Серафимоски