Синдикатот на Клинички утре за време на паузата од 10-10:30 часот излегува на протест пред Министерството за здравство. Бараат повисоки плати и подобри услови за работа. Очекуваат да се најде решение за нивните проблеми кои велат се многубројни. Но, нивното најголемо незадоволство е непотпишувањето на анексот на колективниот договор, кој беше изготвен и договорен уште во време на претходниот министер Меџити.
„СПОЈУВАЊЕТО НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР БЕШЕ АКТУЕЛЕН ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ ГОДИНИ, МЕЃУТОА УШТЕ НЕ Е НИШТО НАПРАВЕНО. ПАРКИНГОТ ИСТОТАКА Е ХАОС. БАРАМЕ ДА СЕ ВОСПОСТАВИ РЕД. ДОГОВОРЦИТЕ НА ДЕЛО И СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРИОРИТЕТИ ВО НАШИТЕ БАРАЊА. ЗА ДОГОВОРЦИТЕ ДА ИМ СЕ СМЕНИ РАБОТНИОТ ОДНОС ОД ОПРЕДЕЛЕНО ВО НЕОПРЕДЕЛЕНО ЗАТОА ШТО НЕМААТ НИТУ ПЕНЗИСКО НИТУ ЗДРАВСТВЕНО, А НЕКОИ ОД ТИЕ ЛУЃЕ РАБОТАТ ТАКА ПОВЕЌЕ ОД 15-20 ГОДИНИ. ТРЕБА ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТОЈ ПРОБЛЕМ“, ИЗЈАВИ Д-Р ПРЕДРАГ СЕРАФИМОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ НА КЛИНИЧКИ.
Здавствените работници со остри тонови, министерот со смирувачки. Преку соопштение по повод Светскиот ден на здравјето, Демири порача дека откако тој стапил на функција работи на зајакнување на здравствениот систем и најавува дека така и ќе продолжи.
„СПОЈУВАЊЕТО НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР БЕШЕ АКТУЕЛЕН ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ ГОДИНИ, МЕЃУТОА УШТЕ НЕ Е НИШТО НАПРАВЕНО. ПАРКИНГОТ ИСТОТАКА Е ХАОС. БАРАМЕ ДА СЕ ВОСПОСТАВИ РЕД. ДОГОВОРЦИТЕ НА ДЕЛО И СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРИОРИТЕТИ ВО НАШИТЕ БАРАЊА. ЗА ДОГОВОРЦИТЕ ДА ИМ СЕ СМЕНИ РАБОТНИОТ ОДНОС ОД ОПРЕДЕЛЕНО ВО НЕОПРЕДЕЛЕНО ЗАТОА ШТО НЕМААТ НИТУ ПЕНЗИСКО НИТУ ЗДРАВСТВЕНО, А НЕКОИ ОД ТИЕ ЛУЃЕ РАБОТАТ ТАКА ПОВЕЌЕ ОД 15-20 ГОДИНИ. ТРЕБА ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТОЈ ПРОБЛЕМ“, ИЗЈАВИ Д-Р ПРЕДРАГ СЕРАФИМОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ НА КЛИНИЧКИ.
Утре на протест заедно со Синдикатот на Клинички ќе излезе и Самостојниот синдикат за здравство при ССМ. Тие заеднички ги повикуваат сите политички партии да кажат што нудат и што ќе направат во јавното здравство во наредните четири години, а потоа и да потпишат предизборен договор со здравствените синдикати.
*ПРЕЗЕМЕНО од ТЕЛМА.