Здравствените работници со револт за меѓународниот ден на здравјето

Непотпишувањето на анексот на колективниот договор за платите на здравствените работници, нерешавањето на хаосот со паркингот во Клиничкиот центар, како и фактот што скопските клиники не се споија во еден центар, со што ќе се намалеа трошоците за управни одбори и плати за економски директори. Сите овие проблеми кои во изминативе години не се решија, ги натера синдикатите во здравството утре да излезат на протест. 

Од Самостојниот синдикат на вработени во клинички велат дека ден по Свесткиот ден на здравјето, кој се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“ ќе испратат порака до надлежните дека без медицински кадар нема ниту здравје, ниту пристап до здравствени услуги.

Според Серафимовски прироритетите на идната власт треба да бидат токму реформите во здравството, со фокус на човечките ресурси, бидејќи болниците остануваат без кадар. 

Незадоволството во јавното здравство изминатиов период го изразија и приватните специјализанти, поради ниските плати, но и поради немањето на здравствено  и пензинско осигурување. Пред нив протестираа и младите дипломирани лекари кои со месеци чекаа да започнат платена пракса, која им беше и услов за запишување на специјализација.

Последните податоци од Македонското лекарско друштво покажуваат поразителни податоци за одливот на медицински кадар, според кои годишно помеѓу 200 и 250 лекари од земјава заминуваат во странство.

*ПРЕЗЕМЕНО од 24 Вести

Scroll to Top