Вработени во Општа болница Куманово, членови Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здраствени установи, протестираа денеска од 10 до 10.30 часот. Протестот беше за време на паузата, поради што немаше прекин во работата со пациенти

Медицинскиот, администрацијата и помошно-техничкиот персонал на јавните здравствени установи се одлучија да го искажат своето незадоволство на Денот на здравјето, затоа што не е потпишан анексот на колективниот договор, што ќе значеше и покачување на нивните плати.

Претставници на вработените присуствуваа и на протестот во Скопје.

Протестот е организиран од Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здраствени установи.

Scroll to Top