Модринките кај тримесечното бебе кои од намерно нанесени повреди резултираа со недоразбирање, не смее да завршат на овој начин, алармира Синдикатот на Клинички Центар. Оттаму прашуваат кој ќе одговара за ненесениот стрес и углед на медицинската сестра од одделот за имунологија, која пет дена по обелоденување на случајот и обвинувањата од семејството, беше во центарот на јавноста.
-Сестрата има претрпено и мобинг, има и стрес и не е само таа сестра туку целиот јавен сектор се става по кој знае кој пат со вакви непроверени, неточни и нерелевантни информации пласирани во јавноста, се ставаат на столбот на срамот сите здравствени работници. Луѓето кои ја пласираа информацијата, кои се сликаа и користеа за дневна политичка агенда, треба да имаат доблест да се извинат на сестрата и на сите здравствени работници, вели д-р Предраг Серафимовски, претседател на Синдикат на Клинички.
Од Синдикатот се револтирани што случајот бил со етнички елементи и тоа во сектор каде никој не прашува од која вера е пациентот или лекарот. Но и се атакува на професијата која е сериозно дефицитарна во здравствениот систем.
-Покрај работата да биде вреднувана на медицинските сестри, кога ние се вложуваме целосно и физички и психички за добротот на пациентите, тие барем да имаат респект и барем почит, вели Данче Стојкова, медицинска сестра и член на Синдикат на Клинички.
И додека Синдикатот бара извинување, нејасно зошто вчера имаше разидување во изјавите на министерот за здравство која кажа дека има дисциплинска постпака за медицинската сесттра а директорот на клиниката случајот го затвори со епилог – недоразбирање и без казни.
Остана неодговорена и дилемата како до подавањето рака не дојде уште истиот ден, пред Таравари и Мемеди во ноќните часови да одат во посета на семејството пред да ја слушнат страната на сестрата.
Преземено од СИТЕЛ