На првата средба претседателот на ССКЦ др. Предраг Серафимовски заедно со претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски разговараа за прашања кои се важни за вработените во здраствените установи.
На средбата е разговарано за одржување и унапредување на дијалогот меѓу социјалните партнери, за концептот на здравствената заштита, за условите на здравствената заштита во насока на претстојните реформи во здравството и за други прашања врзани за уредувањето на односите во здравствениот систем.
Сепак главна тема е потпишувањето на нов колективен договор и започнување на преговори за линеарно покачување на платите.
Двете страни констатираа дека социјалниот дијалог и интензивната соработка меѓу министерството и синдикатот ќе продолжат во континуитет.
