
Денес, 03 октомври преставници на Самостоен синдикат на вработените во Универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија и Самостојниот синдикат за здравство фарм. и соц.заштита остварија средба со министерот за здравство д-р Арбен Таравари.
На средбата социјалните партнери со заеднички став за усогласувањето на платите во здравството да биде со ноемвриската плата.
Се очекува и најбрза средба со Премиерот Проф. д-р Христијан Мицковски околу согласноста за потпишувањето на Анексот на Колективниот Договор за здравствена дејност за усогласувањето на платите .
Денес е потпишана Спогодбата за единицата за пресметка на плата корегирана согласно член 14 од Општиот колективен договор за Јавен сектор .