Одржана седница на Извршниот одбор на КСС на која присуствуваше и Заменик министерот за економија и труд, г-дин Марјан Ристески. Се дискутираа барањата на синдикатите од една страна и мерките на Владата од друга страна.
Зголемените плати во образованието, зголемувањето на платите во здравството и другите сектори како и економските мерки на Министерството за економија и труд беа дел од темите, а акцент се стави на социјалниот дијалог за кој ставот е дека треба да биде постојан и суштински, не формален и дека во иднина министерството ќе биде во постојана комуникација со синдикатот.
**Преземено од ФБ профилот на