На 30.06.2025, Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ), заедно со Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, одржаа продуктивен состанок со г-дин Азир Алиу, Министер за здравство. На состанокот беа разгледани важни прашања кои директно влијаат на условите за работа и правата на вработените во јавниот здравствен сектор.
Системско решение за паркирањето во кампусот „Мајка Тереза“
ССКЦ се залага за долгорочно инфраструктурно решение на проблемот со паркирањето во кампусот „Мајка Тереза“, како што е изградба на катна гаража. Синдикатот остро се спротивставува на привремени решенија, како преместувањето на 300 вработени во хотел „Лимак“, што сметаме дека не е функционално.Зголемување на платите и усогласување со инфлацијата
Бараме зголемување на платите за сите категории вработени во здравството – здравствени, административни и техничко-помошен персонал.ЈУЗР и потпишување на анексите на Колективниот договор
Вработените во ЈУЗР сеуште немаат зголемувања на платите, анексите на Колективниот договор од 10.10.2023 се уште не се потпишани. Ова создава нееднаквост помеѓу вработените во различни установи и доведува до намален морал, што може да резултира со протести.Недостиг на кадар и забрзување на постапките за вработување
Недостигот на кадар во здравствениот сектор продолжува да биде сериозен проблем. Итно се бара забрзување на постапките за вработување на медицински, административен и технички персонал, како и поедноставување на процедурите за вработување и трансфер на кадарот помеѓу здравствените установи.Заштита на работничките права
Бараме почитување на сите одредби од Колективниот договор и вклучување на ССКЦ во сите работни тела и комисии кои одлучуваат за статусот, правата и условите за работа на вработените во здравствениот сектор.Подобрување на работните услови
Поради старите и неефикасни услови за работа, ССКЦ бара модернизација на медицинската и техничката опрема, обезбедување на доволни количини заштитна опрема, како и реновирање на работните простории.Континуирано усовршување и напредување на кариерата
За подобрување на професионалните капацитети на вработените, бараме финансиска поддршка за обуки, специјализации и професионално усовршување, како и унапредување на системот за оценување и напредување во кариерата.Транспарентност и институционален дијалог
ССКЦ бара редовна комуникација помеѓу Министерството за здравство и синдикатот, најмалку еднаш месечно. Поради тоа, сметаме дека е неопходно вклучување на синдикатот во донесувањето на сите значајни одлуки кои се однесуваат на вработените во јавното здравство.
ССКЦ и понатаму ќе продолжи да се бори за подобрување на условите за работа, заштита на правата на вработените и унапредување на здравствениот систем во Република Македонија
