ССКЦ со задоволство ги информира своите членови дека беше склучен договор за деловна соработка со Хотел Врњачке Терме, со кој членовите на нашиот синдикат остваруваат право на посебни попусти и поповолни цени при сместување и користење на услугите на хотелот.
Врњачка Бања е едно од најпознатите бањски и туристички одредишта во регионот, а сега е достапно под уште поповолни услови – исклучиво за членовите на ССКЦ.
Како да ги искористите поволностите? За да ги остварите членските попусти, при резервација потребно е да се идентификувате како член на ССКЦ. Повеќе информации можете да добиете преку канцеларијата на ССКЦ.
