ДРУГИ ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Член 262 и 263 од ЗРО Одлагање на извршување на одлука

Одлагање на извршување на одлука

Член 262

(1) Ако инспекторот на трудот утврди дека со конечна одлука на работодавачот е повредено право на работникот, на барање на работникот, со решение ќе го одложи извршувањето на таа одлука, ако работникот завел работен спор до донесувањето на
правосилна одлука на судот.

(2) Работникот од ставот (1) на овој член, барањето до инспекторот на трудот може да го достави во рок од 30 дена од денот на поведувањето на работниот спор пред надлежниот суд.

(3) Против конечното решение на инспекцијата на трудот од ставот (1) на овој член не може да се покрене управен спор.

Право на жалба

Член 263

(1) Против решението на надлежниот инспектор, донесено согласно со членот 262 од овој закон, може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до надлежниот орган за одлучување во втор степен, согласно со закон.

(2) Жалбата против решението од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето.

Закон за работните односи